| четврток, 6 декември 2018 |

Нема лидерска средба денеска, Димитров на поединечни средби ќе информира за разговорите за името

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на поединечни средби ќе ги информира претставниците на државниот врв и политичките партии за разговорите за името, соопштија од МНР.

Лидерска средба за процесот на разговори за името нема да има, потврдиле за МИА од Владата.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров минатата недела најави дека по преговорите за името во Виена ќе се одржи состанок на државниот врв и лидерите на најголемите партии. Тој во Виена во петокот имаше средба со министерот за надворешни раб оти на Грција, Никос Коѕијас и со медијаторот Метју Нимиц.

За разговорите во Виена денеска и утре во Атина, шефот на дипломатијата на Грција, Никос Коѕијас ќе ги информира лидерите на грчките политички партии.

На 27 јануари годинава во Клубот на пратениците се одржа досега единствениот координативен состанок на државно-политичкиот врв во врска со разговорите за името на кој присуствуваа претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top