| четврток, 6 декември 2018 |

Димитров: Се бројат само тие што гласале, референдумот е успешен

Никола Димитров, министерот за надворешни работи, го прогласи референдумот за успешен, бидејќи, како што вели, се бројат гласовите само тие што гласале.

-Ако од над 650.000 граѓани, над 600.000 гласале ЗА тоа е очигледен политички мандат Македонија да оди напред. Поголем од било која претходна победа на било која политичка партија. Дури и да имаше 1 милион излезени гласачи (далеку над цензусот) пак мнозинската волја на народот ќе беше јасно изразена. Можат да се бројат само гласовите на оние кои гласаат. Сега останува да се послуша таа народна волја од страна на пратениците во Собранието, согласно програмата на опозицијата каде впрочем се зборува за мнозинство гласови од тие кои гласале. Им должиме на граѓаните иднина! И ќе ја обезбедиме, вака или така!, напиша Димитров на својот профил на Фејсбук.

Инаку на вчерашниот референдум не беше постигнат цензус на излезност за прифаќање на Спогодбата од Преспа. Претходно владини функционери тврдеа дека граѓанското изјаснување е консултативно без обрврски да биде прифатено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top