Микрофони и уреди за следење на електронската комуникација биле поставени во седиштата на Европската унија во Вашингтон и Њујорк.
Американската Национална агенција за безбедност ( НСА)ги шпионирала дипломатските мисии на Европската унија во Вашингтон и Њујорк, објави германскиот неделник „Шпигел“. Неделникот своите тврдења ги темели на доверливи документи до кои дошол преку поранешниот консултант на НСА Едвард Сноуден.
Покрај микрофоните поставени во зградата, направен е влез во компјутерската мрежа преку која се следела електронската пошта и внатрешните документ. Делегацијата на ЕУ во Обединетите нации исто така бил под надзор.
Неделникот наведува дека НСА својата операција ја проширила и до Брисел. Пред повеќе од пет години безбедносните експерти на ЕУ откриле систем за преслушкување на телефонската мрежа и интернетот во главната зграда на Советот на Европската унија, како во седиштето на НАТО во Брисел.
ЕУ во 2003 година објави дека открила систем за телефонско преслушкување во неколку земји, меѓу кои и во Франција и Германија. Не е познато дали станува збор за истиот случај за кој пишува неделникот.
Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц побара од САД „детално објаснување“ за тврдењата на „Шпигел“. Доколку ваквите извештаи се вистините, тоа негативно ќе се одрази врз односите на ЕУ и САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.