| четврток, 6 декември 2018 |

Претпладне сончево, попладне и утре дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со засилен, а особено во западните делови и до силен јужен ветер. Кон крајот на денот и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, во западните и северните делови ќе има локални врнежи од дожд, проследени со грмежи.

Дневната температура ќе се движи од 18 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје во текот на денот сончево и топло со засилен до силен југоисточен ветер. Во вечерните, а особено во ноќните часови ќе има локални врнежи од дожд со грмежи. Дневната темепратура ќе достигне до 23 степени.

Во ноќта кон недела и во недела претпладне врнежите ќе се интензивираат и на места ќе бидат поројни (локално над 20л/м2). На највисоките планини ќе има и врнежи од снег. Ќе дува засилен ветер од западен правец (над 70 км/час). Дневната температура ќе опадне зa околу 5 степени. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top