| четврток, 6 декември 2018 |

„Стандард енд Пурс“: Кипар е во „делумен банкрот

Standard-and-poors

Американската кредитна агенција „Стандард енд Пурс“ соопшти дека кредитниот рејтинг на Кипар е полош од претходно и го оцени како „делумен банкрот“.

Агенцијата нагласи дека кредитниот рејтинг на Кипар веќе бил на многу лошо ниво, па од оценката „ССС“ е намален на нивото „SD“ кое означува „делумен банкрот“.

Оваа оценка значи дека земјата не е во состојба да го отплаќа својот долг, но дека се уште може да исполнува одредени обврски.

Од друга страна, „Стандард енд Пурс“ објаснува дека целосен банкрот значи дека одредена држава не исполнила ниту една своја економска и финансиска обврска.

Американската кредитна агенција истакнува дека кипарската економија е во фаза на забавување, стапката на невработеност се зголемува, а депозитите во банките значително се намалуваат

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top