| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е рајот на Цеца на Кипар: Ѕирнете во вилата во Аја Напа (галерија)

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ има вила на Кипар во Аја Напа каде таа и нејзините деца Вељко и Анастазија доаѓаат да се одморат и да бидат далеку од медиумското внимание.

Вилата на Цеца се наоѓа во слепа улица во Аја Напа, но сепак пејачката вели дека туристите најмногу ја фотографираат.

-Овде има четири куќи но најмногу ја сликаат мојата. Случајно дојов овде на одмор со децата, ми се допадна местото и пределот, мирно е, климата е пријатна, рече во една прилика српската ѕвезда.

Во моментов на Кипар се одмора нејзината ќерка Анастазија која на социјалната мрежа Инстаграм објавува фотографии од одморот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top