| четврток, 6 декември 2018 |

Намалена просечната малопродажна цена на електричната енергија

Просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата, лани во второто полугодие, изнесуваше 4,973 денари по киловат час, што претставува пад од 0,9 отсто во споредба со првото полугодие од годината.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3,329 до 7,686 денари по киловат час, по групи потрошувачи.

Просечната цена, пак, на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 16,375 до 27,605 денари по нормален метар кубен во зависност од категоријата на потрошувач, додека за домаќинствата изнесува 33,345 денари по нормален метар кубен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top