| четврток, 6 декември 2018 |

Во пресрет на Велигден: Што значи секој боја на велигденските јајца?

Црвеното јајце е симбол на Велигден, поради новиот живот, плодноста, компарацијата со Христовото воскреснување.

Некои сметаат дека црвената е вистинската Велигденска боја, но се смета дека не случајно јајцата за Велигден се подготвуваат во повеќе бои. Освен што се вистински подарок за очи, секоја боја поединечно, е извор на среќа.

Така, жолтата боја значи светлина, радост; портокаловата – трпение, моќ; зелена – храброст, големина; виолетова – надеж, спокојство, а сина – здравје и ведрина.

Се претпоставува дека и симболите кои се појавуваат при вапсањето јајца имаат значење. Кога ќе здогледате круг, направен од малку потемна нијанса од бојата со која сте го фарбале јајцето, тоа означува огромна среќа оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top