| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска во Виена се среќаваат Димитров и Коѕијас со медијаторот Нимиц

Правна форма, со празни места во спорните прашања, ќе им претстави медијаторот Метју Нимиц на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на денешната средба во Виена, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

– Според досегашните информации, Нимиц ќе биде тој што прв ќе се обрати и ќе ја претстави правната форма, врз база на која ќе се достави можниот иден договор на двете страни во ОН, со празни места ЗА спорните прашања, како што е името. Потоа ќе следи претставување на ставовите на двајцата министри за надворешни работи и преговори за позициите, пишува грчката новинска агенција и додава дека преговорите во Виена се очекува да траат долго, ако се суди според минатиот состанок што траеше седум часа.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, средбата закажана за 09:30 часот, според информациите на АНА-МПА, ќе се одржи во Министерството за надворешни работи на Австрија, а не во седиштето на ОН, бидејќи канцелариите се затворени поради католичкиот Велигден.

Во однос на вчерашната работна вечера на двајцата министри за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, грчката новинска агенција објави дека траела три часа и поминала во добра клима

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top