| четврток, 6 декември 2018 |

„Принцот на криминалот“ пристигна во македонските киносали

Филмот “Принцот на криминалот”, вистинска приказна за еден од најмоќните италијански кланови, од денеска се прикажува низ кината во републиката во дистрибуцијата на „КТ Филм и Медиа“. Растот и падот на кланот Камора во Неапол, преку очите на криминалниот шеф и неговото семејство. Триесет години од животот на човекот, триесет години во историјата на еден од најубавите и контроверзни градови на Земјата: Неапол.

Филмот во режија на Алесандро Пива од денеска се прикажува во Гостивар и во Гевгелија, а во останатите денови продолжува на репертоарите во Неготино и Скопје.

оригинален наслов: MILIONARI, режија: Алесандро Пива, улоги: Франческо Скијана, Валентина Лодовини, Кармин Рекано, Франческо Ди Лева, Салваторе Стриано, Џанфранко Гало, Масимилиано Роси

Приказна за Камора, одмазда и жалење: двојниот живот на Марчело Кавани, роден во обично мало семејство во близина на Неапол. По ненадејната смрт на неговиот татко, Марчело се придружува кон Камора по стапките на Џенаро, неговиот постар брат. Марчело е елегантен, страстен млад човек кој ја сака конкуренцијата. Тој се вљубува во Розарија, тврдоглава девојка, а сепак едноставна и правична. Тие се венчаат: Марчело е посветен и вљубен сопруг, беспрекорен семеен човек. Сепак, надвор од неговото семејство, неговиот друг живот како член на Камора полека, но постојано стигнува до точката без враќање. Дали дојде време да плати за сето она што нелегално го стекна?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top