| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународен ден против сиромаштијата-17 октомври: „Проект среќа“ организира конференција за деца во социјален ризик

На 17 Октомври е интернационалниот ден за борба против сиромаштијата. Здружението на граѓани „Проект среќа“, веќе трета година по ред го одбележува овој ден, но оваа година ја организираат првата конференција за деца во социјален ризик, каде децата ќе бидат главните гости и говорници, каде тие ќе бидат нашите ѕвезди, и каде ќе им порачаме ,,Овде сме за вас!“.
Според организаторите на конференцијата, ќе биде презентирана годинешната видео кампања на ,,Проект Среќа“ за градење на одговорно и филантропско општество. На оваа конференција-дружба ќе присуствуваат голем број на деца, сите во различен вид на социјален ризик, и сите тие регистрирани во ова здружение „Проект Среќа“. Тие ќе зборуваат за предизвиците со кои се соочуваат секојдневно, за нивните соништа, желби, ќе зборуваме за тоа како да ја направиме заеднички оваа земја подобро место за нив, нашите идни генерации,особено за децата и младите кои ги немаат истите можности и предности како нивните другарчиња.
-Ајде за прв пат да ги слушнеме нив,тие деца,нашата иднина, и заедно да работиме на создавање можности токму за нив. Без среќни деца нема среќна иднина! Да ги извадиме од нивната социјална изолација. Предвидено е да присуствува дел од државниот врв, како и многу други пријателски здруженија, и организации. Во склоп на овој настан, проектот на Фери- Шер а диш ( Fairy- Share a dish) кој компанијата Проктер и Гембл го организира низ многу земји, на секое присутно дете ќе му подари голем пакет со производи, храна и детски изненадувања! Овој настан , заради тоа што се работи за деца, и затоа што сметаме дека експонирање од таков тип би им наштетило на децата и нивната ментална состојба, нема да биде отворен за медиумите и затоа ве молиме за разбирање. Проект Среќа изклучително внимава по прашањето ,,медиумско екпонирање и злоупотреба на деца во социјелн ризик,, и се труди да ги заштити децата кои се дел од ова здружение, на секаков начин, велат од „Проект среќа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top