| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска во Крушево одбележување на роденденот на Тоше

Во Крушево, денеска за Тоше ќе пеат неговите колеги кои ќе ја промовираат новата песна „Сето тоа е премалку за крај“.

На концертот во Спомен-куќата на Тоше Проески, ќе настапат неговиот бенд,  Бени Шаќири, „Некст тајм“, Александра Пилева, Андријана Јаневска,групата на Кристијан Ристески, Билјана Талевска – стипендист на фондацијата „Тодор Проески“,  а делови од биографијата за Проески ќе прочита Соња Алексовска-Неделковска. 

Неговиот 32. роденден ќе биде одбележан и во Лондон каде в сабота познатиот хрватски и холивудски глумец Раде Шербеџија ќе одржи концерт посветен на Тоше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top