| четврток, 6 декември 2018 |

Диогарди: Целосната еднаквост на Албанците и имплементацијата на Тиранската платформа, услов за мир и стабилност во Македонија

Потпретседателката и сопруга на поранешниот конгресмен, кој е основач и претседател на Американско-Албанска граѓанска Лига, Ширли Клоес Диогарди, во интервју за „Гласот на Америка“, изјави дека без целосна еднаквост на Албанците и имплементацијата на албансата платформа која во јавноста е позната како Тиранска платформа, во Македонија не може да има мир и стабилност. Таа вели дека Законот за албанскиот јазик кој е изгласан во собранието на Македонија, претставува голем успех за Албанците, и дека поради тоа што Претседателот Иванов одбива да го потпише указот, повикуваат на донесување одлука на национално ниво за спроведување на Тиранската платформа која беше дефинирана како договор помеѓу актуелниот премиер Зоран Заев и трите албански политички партии.

– Изгласувањето на Законот за албанскиот јазик го гледам како многу важно и всушност нашата Албанско-Американска Граѓанска Лига ја одигра својата улога тука, бидејќи на првото гласање кога беше изјаснет ангажманот албанскиот да стане втор официјален јазик во Македонија, претседателот Ѓорѓе Иванов го отфрли. Затоа, многу е важно да почнеме да повикуваме на донесување одлука на национално ниво за спроведување на албанската платформа. Оваа платформа беше дефинирана како договор помеѓу актуелниот премиер Зоран Заев и трите албански политички партии, рече во „Гласот на Америка“, потпретседателката на Американско-албанска граѓанска Лига, Ширли Клоес Диогарди.

Диогарди смета дека не бил оправдан стравот кој владее кај Македонците дека со воведувањето на албанскиот јазик за втор службен јазик ќе доведе до федерализација на земјата, затоа што федеализацијата е процес кој бара многу години за да се спроведе, а и дека такво нешто нема да биде поддржано од меѓународната заедница.

– Воопшто не е оправдано тоа што некои во Македонија се плашат дека со тоа што албанскиот ќе стане втор официјален јазик, тоа ќе доведе до федерализација на земјата , особено затоа што процесот на федерализација на една земја е нешто што би барало многу и многу години за да се постигне. Второ, ова нема да биде поддржано од меѓународната заедница. Во меѓувреме, Албанците кои сметаат дека решението е федерализација, јас би им рекла дека ова воопшто не е аргумент, бидејќи Албанците живеат близу еден до друг на албанските територии и нема потреба да се зборува за територија. Она за што треба да разговараме е еднаквоста: економска, политичка и културна еднаквост. Ова беше улогата на Охрид и ова е сега улогата на албанската платформа, потенцираше Диогарди.

Претседателката на најголемата албанска лоби организација, Американско-албанска граѓанска Лига вели дека, како ВМРО така и ДУИ со години играле на националистичка карта. Тие играат на оваа карта со секоја од нивните етнички групи, создавајќи го овој страв, а потоа ги споделија придобивките од учествувањето во власта и во владата. Таа вели дека тие го користеа ова за да ја одржат контролата која смета дека ова повеќе нема да функционира со Албанците во Македонија или на која било друга албанска територија. Секој бара економска, социјална и политичка еднаквост, вели Диогарди, луѓето бараат политичари кои знаат како да управуваат со модерна држава, што знаат како да понудат услуги за својот народ, што работат за општото добро, барања со кои и тие се соочуваат денес во САД.

Ширли Клоес Диогарди вели дека еден од друга компонента во Тиранската платформата која треба да се реши е токму високо политизираниот и корумпиран судски систем во кој Албанците не веруваат и се чуствуваат како жртви.

– Друг проблем што ние го покренавме во петицијата што ја изготвивме неодамна е децентрализацијата на буџетот, бидејќи засега најголем дел од буџетот оди во областите каде што живее мнозинството Македонци. Еднаквоста во овој поглед би била од голема важност. Што се однесува до судскиот систем, тоа е корумпиран систем, а владеењето на правото е фундаментално прашање на платформата, изјави Диогарди.

На прашањето на Гласот на Америка, дали таа се согласува со некои Абанци кои велат дека САД и Европа не треба да ја прифатат Македонија во НАТО и ЕУ ако тиранската платформа не биде целосно импелемтирана, иако е направен одреден напредок, Ширли одговара:

– Апсолутно се согласувам дека е постигнат одреден напредок со оваа нова влада, особено со усвојувањето на проширувањето на употребата на албански јазик. Но, треба да се направи повеќе. Јас би повикала на внимание и сите да се стрпат – а ова го велам и за Македонците и за Албанците – значи да почекаме да се постигне економска, политичка и културна еднаквост. Влезот во НАТО и ЕУ без овој услов може да има негативни последици за земјата, но и за Европската унија. Ова е она што го видовме во минатото. Копенхагенскиот договор бара целосна еднаквост и признавање на сите култури, особено во една мултиетничка земја, како што е Македонија.

Диогарди децидно кажа дека, ако нема еднаквост, нема да видиме мир и стабилност во земјата; Албанците нема да живеат како граѓани од втор и трет ред, ова не може да се случи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top