| четврток, 6 декември 2018 |

Словенците со радикална идеја за поделба на ЕУ: За Македонија сè уште нема место на оваа карта

Идејата на словенечкиот претседател Борут Пахор за регионализација на ЕУ во љубљанско „Дело“ ја разработува Димитриј Рупел, поранешен шеф на словенеката дипломатија.
Во почетокот на годината во говор Пахор ги предупредува дипломатите нареалнатаперспектива за регионализација на ЕУ, според која државите-членки би се групирале по интересите и геостратешките трендови.
Идеално би било Европа да остане „колку што е можно поцелосна и колку што е можно послободна“, но треба да се пронајде заеднички европски идентитет, па затоа во сегашната криза и предизвиците Европа стои пред дилемата дали ќе се развива „кон колку што е можно потесен или кон колку што е можно полабав“ сојуз на народи, односно држави со традиционали националниапарати, тврди Рупел.
Затоа, псоред него, треба да се предвиди можноста за поделба на ЕУ на помали единици, т.н. мегарегиони, составени од држави „сродни“ по гестратешки или интересни начела, како што се поврзани државите на Бенелукс или на Вишеградската група.
Како една од можностите тој наведува комбинација со формирање источен, западен, северен, јужен и централен мегарегон како идни составни делови на денешната ЕУ.
Рупел ја гледа Словенија во централниот мегарегион, всушност во Вишеградската група проширена со Авсрија и Словенија.
Во тој случај, предвидува тој, Хрватска, бугарија, Романија би биле во составот на источниот мегарегион, на север би се здружиле скандинавските и балтичките држави, а во јужниот мегарегион би го сочинувале медитеранските членки Кипар, Грција, Италија, Малта, Португалија и Шпанија.
Кога ќе дојде време смета Рупел, во источниот мегарегион би се вклучиле Србија, Македонија, Црна Гора, Косово, Турција и Украина, по тој редослед.
Политички и стопански најсилна група би бил западниот мегарегион – Белгија, Франција, Холандија, Ирска, Луксембург и Германија.
Европа, меѓутоа, би можела да се подели на региони според океаните и морињата кон кои гравитираат некои држави: атлантската, балточко-серноморска, подунавско-црноморска и средоземна група.
Во тој случај, предупредува Рупел, Словенија би се нашла во иста група со Хрватска, а со неа има нерешено гранично прашање кое главно се врти околу границата на море.
-Притоа мислам на изворните европски идентитети, а не на оние кои ги донесуваат доселениците. Мислам на европските локални и национални идентитети на јазичните групи, геополитички, но и општите европски идентитети, вели Рупел во својата анлиза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top