| четврток, 6 декември 2018 |

Лекарите уверуваат – лекот „имакребин“ сигурен и ефикасен

lekoviЛекот имакребин со генеричко име „иматиниб“ располага со комплетна документација што е потребна за регистрација на еден генерички лек. Тоа би требало да гарантира дека овој лек ќе покаже еднаква ефикасност и безбедност при лекување на пациентите и тоа во целото индикациско подрачје што го има лекот гливек, изјави директорот на Институтот за предклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија, Никола Лабачевски.

Тој рече дека Институтот изведува испитувања пред се кај генерички лекови кои се оценувани од речиси сите агенции за лекови во Европа и од сите агенции имале добиено позитивна оценка.

Од Здружението за помош на заболени од хронична миелоична леукемија, претходно реагираа на одлуката на Клиниката за хематологија која одлучи за потребите на заболените да го набави лекот имакребин.

–  Имакребин е лек кој нема препорака за регистрација од Европската агенција за лекови. Исто така во индикација на лекот не е содржана хроничната фаза на ХМЛ и тој не се употребува во ниедна европска земја, рече претседателот на Здружението, Пепо Леви.

Нагласи дека се чуствуваат разочарано и отфрлено и бараат лекот тасигна да биде вклучен во нивната терапија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top