| четврток, 6 декември 2018 |

Беџети: Фазлиу е личност со болна имагинација, ако не се извини ќе го тужам

Министерот за правда Блерим Беџети во соопштението кое попладнето го испрати до медиумите го обвинува пратеникот на ДПА Бекум Фазлиу дека ја зголемувал клеветата против него тврдејќи дека министерот не само што поседувал дрога при рацијата на полицијата во една дискотека, туку и дека ја распродавал на наркозависници. Во соопштението, Беџети го нарекува Фазлиу плашливец со болна имагинација и бара од него да се извини во рок од три дена за да не го тужи за клевета.

Пратеникот на ДПА Беким Фазлиу не само што не ја најде храброста, која всушност никогаш и ја немал, да не се затскрива зад говорницата на Собранието со неговите клевети, туку тој сега се затскрива дури и зад социјалните мрежи. Тој сега не само што се затскрива, туку и го зголемува нивото на клеветата која е заснована само во неговата имагинација и во неговите халуцинации. Според оваа личност со болна имагинација, Министерот за правда не само што поседувал незаконски материи – наркотични средства, туку истите и ги разделувал во една дискотека. И покрај мојата слаба волја да се занимавам со ова лице кое не заслужува некој да го губи своето време со него, барам од пратеникот Беким Фазлиу во текот на следните три дена да искаже јавно извинување. Во спротивно, овие омаложувања и клевети ќе треба да ги докаже пред надлежен суд, бидејќи против него ќе биде поднесена пријава за клевета и навреда. Исто така, сакам да ја известам јавноста дека средствата од оваа клевета ќе бидат наменети за хуманитарни цели, вели Беџети во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top