| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во Египет- странците масовно ја напуштаат земјата

Тројца млади луѓе загинаа, а повеќе од 130 се повредени во судирите во Каиро меѓу приврзаниците и противниците на египетскиот претседател Мохамед Морси.

Во земјата од вчера владее хаос, а странците веќе почнаа да ја напуштаат земјата. Аеродромот во Каиро е преполн каде што илјадници патници чекаат да заминат надвор од Египет. САД ги предупредија своите државјани да не патуваат во оваа африканска земја, а на тие што се таму им препорача да си заминат веднаш. Дел од дипломатскиот персонал во американската амбасада добија наредба да го напуштат Египет.

Тенизите се зголемени пред утрешниот масовен протест на кој се очекува да присуствуваат околу еден милион демонстранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top