Нашинците во градовите Мелбурн, Сиднеј, Перт, Камбера, уште долго ќе ги паметат забавите кои им ги приреди познатиот Ѓоко Јовиќ и неговиот „Енерџи бенд“ изминативе неколку недели. Преполните сали и ресторани се само доказ за успешната турнеја, која дефинитивно ќе биде забележана како една од најдобрите организирани за Македонците во далечната Австралија.
Но, покрај многуборјните настапи, познатиот пејач најде време да сними и два видеоспота за неговите најнови песни. Станува збор за нумерите „Корени“ и „1001 ноќ“, на кои како автори се потпишуват братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковска.
– Спотовите ги изработи професионална екипа, која во Австралија има работено на многу големи и важни прокети. Но, најмногу би сакал да се заблагодарам на менаџерот Влатко Јовески и неговото семејство – накусо ни изјави популарниот Јовиќ. Инаку за разлика од претходните албуми, Ѓоко овојпат на својата поблика ќе и подари поп-албум, за кој во брзо време се очекува промоција, како и промоција на двата видеоспота.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.