Фестивалот „Скопје колинг“ го отвораат AXWELL & INGROSSO на 21 јуни, на 22 јуни доаѓаат MORCHEEBA, а како специјално изненадување, организаторите ја потврдуваат големата француска атракција NOUVELLE VAGUE, која ќе настапи заедно со Morcheeba истата вечер!
На 23 јуни вечерта е резервирана за љубителите на рок музиката, зашто за прв пат во регионот доаѓа еден од најголемите британски бендови на сите времиња- ТEXAS, а за прв пат на голем оpen air концерт во Скопје ќе можете да го видите и ДАРКО РУНДЕК со неговиот бенд.
Фестивалот се затвора со последната голема ѕвезда на електронската музика, ALAN WALKER, кој што од логистички причини својот настап наместо на 2 јуни, ќе го има на 24-ти јуни, како големо затворање на овој четиридневен фестивалски спектакл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Камерниот оркестар на Македонската филхармонија со два концерти во Казахстан
-
Шон Пол, најактуелната светска ѕвезда во август гостува во Скопје
-
Фестивалската турнеја „One love tour“ почнува денеска напладне во Скопје
-
Со три изведби на бис Трпчески ја заврши резидентната серија концерти во лондонски „Вигмор хол“