Со одговорот на прашањето на дописникот на МИА од Брисел, дека посакува следниот пат да се претстави како новинарка од Горна Македонија, Ципрас, според Нова демократија потврдил колку „неодговорно и површно управува со националните прашања“.
Грчката опозициска партија, преку соопштение реагираше и побара од Алексис Ципрас да стане сериозен и да ги разбере неговите национални одговорности.
– Со несериозниот одговор до скопската новинарка, посакувајќи следниот пат кога ќе се сретнат да ја претставува Горна Македонија, Ципрас за жал потврдува колку неодговорно и површно лично тој и владата ги водат нашите национални прашања – пишува во соопштението од грчката опозициска партија.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, од Нова демократија повторуваат дека за разговори за името, потребна е претходна промена на Уставот и отстранување на секаков вид иредентизам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.