Францускиот полицаец кој во текот на заложничката ситуација се разменил за заложниците и со тоа го спасил животот на десетина луѓе, починал од здобиените повреди, јавува „Би-би-си“.
Станува збор за потполковникот Арон Белтрам кој помогнал да се заврши заложничката ситуација на југот на Франција во која беа убиени три лица, а ранети 16.
Францускиот претседател Емануел Макрон го прогласи Белтрам за херој.
Напаѓачот е идентификуван како 25 годишниот Радуан Лакдим, а според зборовите на француските официјални претставници, нападот го извршил во три фази. Прво, украл едно возило во Каркасон, го убил патникот и тешко го ранил возачот. Потоа пукал врз еден полицаец и го ранил. Неколку минути подоцна, тој упаднал во супермаркет во местото Треб, околу 10 километри од Каркасон каде убил уште двајца луѓе, еден вработен и еден купувач.
Другите заложници успеале да побегнат, а тој задржал една жена. Арно Белтрам, кој е испратен на местото на нападот, предложил да ги заменат местата со таа жена.
Напаѓачот тогаш тешко го ранил Белтрам, за потоа елитните сили на жандармеријата да упаднат во супермаркетот и да го убијат напаѓачот.
Исламска држава ја презема одговорноста за нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.