| четврток, 6 декември 2018 |

Финишираат подготовките за кралската венчавка: Еве како изгледаат поканите со златен печат!

Британскиот принц Хари и неговата свршеничка Меган Маркл поканиле 600 гости на својата венчавка во мај, но кој се се најде на списокот, се уште не е објавено.

Од Кенсингтонската палата соопштија дека сите кои ќе бидат повикани на церемонијата на 19 мај во капелата Свети Ѓорѓе во дворецот Виндзор, домот на кралицата Елизабета, ќе бидат повикани и на ручек.

Подоцна тој ден, во вечерните часови, 200 гости ќе присуствуваат на приватниот прием во блиската куќа Фрогмор, чиј домаќин ќе биде принцот Чарлс.

Од палатата навеле дека поканите со златен печат и ивици ќе бидат пратени оваа недела. На поканите го пишува и дрес кодот, кој подразбира униформа, фрак или одело со шапка.

Поканите се печатени со машина од 30 години на минатиот век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top