| четврток, 6 декември 2018 |

Шеќеринска: Грција води штетна политика кон Македонија, но одговорноста е на Груевски

Заменик претседателот на СДСМ Радмила Шеќерински го обвини премиерот дека под негово водство Македонија го доживува најголемиот пораз во евроатлантските процеси, иако признава дека Грција не блокира веќе 20 години. Шеќеринска за последната блокада на Грција не ја обвинува Атина туку владата во Скопје.

 – Точно е дека политиката на Грција по прашањето на македонскиот евроинтеграциски пат и членство во Европската Унија е неевропска и штетна. Но, таква е веќе 20 години. Точно е дека меѓународната заедница покажува помала заинтересираност за македонските предизвици од порано. Но, зошто ова се случува? Вистинското прашање е каква политика ја доведе Македонија до оваа ситуација? Каква политика ги избутна на опашката на Западен Балкан? И најважното прашање кој за тоа ја носи одговорноста? Премиерот е должен да поднесе и лична одговорност за погрешните политики и потези на владата во однос на нашето членство во ЕУ, изјави Шеќеринска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top