Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска се сретна со младите на Радовиш и на својот Фејсбук ги сподели впечатоците.
-Денес бев на кафе средба со младите од Радовиш. Ги прашав како живеат, ми одговорија многу лошо. Животот дојде ама само за градоначалникот и неколкумина од СДСМ, за сите останати животот е се потежок. Загрижени за својата иднина велат, ние само останавме во градот, нашите врсници се раселени. Џагорот го нема по улиците, младите не гледаат иднина.
Ѓорги, вели моите родители се земјоделци, одгледуваат тутун, ај што ги намалија субвенциите, намерно и свесно тој се проценува по пониски класи, а со тоа и добивката е пониска. Друг вели катастрофата од закон, законот за јазици им е приоритет, а не младите, ќе вработуваат преведувачи, администрација, а едно ново работно место, една инвестиција не отворија. Им порачав, младите нема и не смеат да бидат заборавени. Тие се и ќе бидат мојот приоритет. Затоа што тие заслужуваат подобро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Христијан Мицкоски денеска во „Отворено“ на „Алфа“
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
Христијан Мицкоски: Учи од вчерашниот ден, живеј за денес, надевај се за утре
-
Сомнежот во јавноста дека некој тргува со правдата и правото, говори дека нема ниту правда ниту правдина, вели Мицкоски