| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца доби снаа: Богдана се пофали со прстенот кој и го даде Вељко!

Вељко Ражнатовиќ, син на фолк дивата Цеца Ражнатовиќ, објави на Инстаграм фотографија од својата девојка Богдана Родиќ, која позира со прстен на раката.

Откако започнаа врска, тие не се разделуваат, а Богдана му е најголема поддршка кога станува збор за неговата боксерска кариера.

Вељко ја однел Богдана кај мајка му, а снаата оставила силен впечаток на идната свекрва.

Фолк ѕвездата била воодушевена од новата снаа, со која веднаш нашла заеднички јазик.

-Вељко неодамна ја запознал мајка му со Богдан. Таа се засрамила кога ја видела Цеца, но брзо се опуштила. Пејачката била одушевена со нејзината непосредност. Посебно и се допаднало тоа што е вредна и што им помага на родителите  во семејната фирма. Цеца тоа исклучително го цени и затоа на Вељко му порачала да пази како се однесува, со оглед на тоа дека нејзиниот наследник е голем заводник- рекол изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top