| четврток, 6 декември 2018 |

Никос Коѕијас: Предлозите и агендата за идна соработка се испратени до Скопје

Текст што ги содржи грчките предлози и агенда за идна соработка е испратен до Скопје, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во Брисел, по советот за надворешни работи на ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Коѕијас, во изјава за државата телевизија ЕРТ, одговарајќи на прашањето дали при посетата на Скопје ќе ја однесе и грчката нацрт спогодба, вели дека предлозите од Атина се веќе испратени.

– Да ви дадам нешто ексклузивно. Изработивме текст со нашите предлози во целост како во однос на отворените проблеми што ги имаме со ПЈРМ, така и за идна агента на соработка што ќе им донесе корист и на двете страни. Овој текст го имам пратено пред повеќе денови во Скопје, рече шефот на грчката дипломатија во изјава за државната телевизија ЕРТ.

Никос Коѕијас, според најавите, но без да постои официјална потврда, се очекува во четврток и петок да биде во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top