Беким Фазлиу од ДПА постави пратеничко прашање до министерката за внатрешни работи, дали во случајот „Шери“ во центарот на Скопје бил инворлвиран и министерот за правда Блерим Беџети. Фазлиу обвини дека Беџети бил фатен со пиштол и со дрога во клубот, а за тоа не била информирана јавноста.
– Ова е потврда дека МВР не прави компромис кога станува збор за евентуално прекршување на законите. МВР во соработка со надлежните инспекции на 21 јуни, околу 02 часот наутро, изврши детална, координирана акција. За утврдените неправилности се преземени соодветни мерки, изречена е глоба од 3.250 евра, поднесени се пријави за несоодветното работење, клубот е привремено затворен. Соодветно е постапено и со лицата кај кои не се пронајдени документи за идентификација, со малолетниците кои пиеле алкохол, со обезбедувањето кое немало документ како потврда дека е за тоа ангажирано, со лицето кај кое е пронајдено оружје без дозвола. Случајот е целосно расветлен, сите шпекулации и политички обвинувања нема да ги коментирам зашто тоа е надвор од надлежноста на МВР – одговори Јанкуловска.
Според соопштението од МВР за настанот, нема лице со иницијали Б.Б. кај кое е најдено дрога или оружје. Во соопштението се вели дека „при извршено легитимирање и преглед над лицето С.К. (46) од Скопје е пронајдена непозната правлива материја“, додека „потоа при извршено легитимирање и преглед над лицето Ш.М. (36) од с. Грчец, Скопје, во чантичката што ја носел со себе е пронајдено огнено оружје – пиштол марка „глог“ со рамка со 17 куршуми“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
Приведен дилер на дрога од Тетово


