| четврток, 6 декември 2018 |

Катимерини: Дали ќе издржи ставот „ерга омнес“ ?

katimerini 2Грчкиот весник „Катимерини“ го отвора прашањето до кога ќе издржи ставот „ерга омнес“ за името на Македонија, а како последица на последниот европски Совет за општи работи.

„Тоа што ирското претседателство со ЕУ одлучи на последниот Совет за општи работи да нема ниту заклучок ниту да се разговара за датум за почеток на пристапните преговори со Македонија е задоволувачки развој на настаните за Грција. Ако повторно на маса беше препораката на Комисијата за почеток на пристапните преговори со Македонија, тогаш Грција повторно ќе блокираше и повторно ќе беше на „тапет“ на меѓународната јавност.

Сепак, „Катимерини“ предупредува дека не треба да се има илузии затоа што Европа што е можно побрзо ќе се обидат да го затворат ова прашање и ако не се случи на овој состанок, тоа може да се случи во декември или во јуни следната година, поведувајќи се од договорот на Србија и Косово.

– Познавачите тврдат дека наскоро ќе дојде „бура“ со неиздржлив притисок, па дури и уценувања и тие се плашат дека тврдината „ерга омнес“ може да се покаже како Мажино линијата за оклопната дивизија на Гудериан. Така, се поставува прашањето: дали Атина има план Б или ќе одлучи херојски да падне борејќи се за познатите црвени линии – го пренесува МИА грчкиот „Катимерини“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top