Само два дена од како Локалната власт и ЕЛЕМ најавија дека ја контролираат ситуацијата со нивото на Охридско Езеро, на брегот не остана ни еден не разорен ресторан, кафетерија и плажа…
Кризниот штаб констатираше дека најголеми оштетувања од големите бранови предизвикани од силниот ветер има на крајбрежните објекти на потегот од Канео до градскиот плоштад.
Во расчистувањето што продолжува денеска ќе бидат ангажирани сите Јавни претпријатија со потребни работници кои ќе бидат подготвени со алат и механизација за санирање на штетите.
Од Кризниот штаб апелираат да се тргнат автомобилите и да се регулира сообраќајот во стариот дел на Охрид за да може механизацијата непречено да работи на расчистување.
– Во Охрид вчера дуваше силен ветер од јужен правец чија брзина изнесуваше над 90 километри на час, што го разбранува Охридското езеро. Силниот ветер од над 90 километри на час, предизвика бранови во висина од 120 сантиметри, велат од Кризниот штаб.
извор: охрид1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.