| четврток, 6 декември 2018 |

Целосно уништен Мостот на желбите, поплавени кафетерии во центарот на Охрид (галерија) (видео)

Невремето проследено со силен ветер што вчера го зафати Охрид предизвика поплави во кафулиња и плажи во центарот на градот.

Разбрануваното езеро го искрши дрвениот мост на желбите, кој населбата Канео ја поврзува со центарот и предизвика оштетувања на плажата Потпеш.

-Ние мештаните и угостителите имаме големи проблеми при надоаѓање на водата, а особено кога дува југ, како што е сега. Стравуваме дека ќе дојде до оштетувања на нашите објекти како што беше пред околу пет години и апелираме до надлежните за поголемо испуштање на езерото за да не дојде до поголеми штети. – изјави Томе Тримчев, концесионер на плажа Потпеш.

извор: tvorbis.com.mk/ фото: ohridnews

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top