Три жени се сретнале кај бунарот каде што дошле по вода. Се зазбореле за своите синови: “Треба да го чуете мојот син! Како само убаво пее, како слевеј!”
Другата жена се фали: “А само да го видите мојот син, колку е висок и силен! Кога ќе фрли камен високо, речиси ги допира облаците!”
Третата жена само молчи.
“Не знам што да ви кажам. Мојот син е млад, обичен дечко, како и многу други.”
Жените заминаа дома носејќи тежок товар од водата на главите. Третата жена и понатаму молчела, чувствувајќи се засрамено од двете жени.
Сонцето сѐ повеќе печело, товарот станувал сѐ потежок. Одеднаш жените ги здогледале синовите пред влезот на селото.
“Слушајте како мојот син прекрасно пее!”, извика првата покажувајќи на својот син кој седел на ѕитчето и занесено пеел.
“Погледнете го мојот син”, рече другата со восхит, “колку високо фрла камен. Прекрасно!”.
Третиот син потрча кон мајка си, ја ослободи од тешкиот товар и тргнаа дома заедно, додека другите две жени со грч на лицето останаа без зборови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Потресна приказна: Само отишол на прошетка и животот му бил уништен!
-
Приказната на Моника со „Атлас оф бјути“ низ целиот свет: Возач под дејство на алкохол е причината што е во инвалидска количка!
-
Како луд возеше 200 км на час, самиот си се пофали на „Фејсбук“
-
Луд и депресивен филм за Ана Никол Смит (видео)