Приказната за 22-годишното момче е од Бронкс е премногу тажна. Калиф Браудер е погрешно обвинет, одземена му е младоста, а кога е пуштен од затвор без судење и пресуда, веќе било доцна.
Погрешно обвинетиот Калиф, во еден од најстрогите американски затвори го тепале членови на банда и по три години служење на казната, тој не гледал смисла во животот.
Во саботата, две години по пуштањето од њујоршкиот центар за малолетници, Калиф се самоубил. Неговиот живот бил трагичен, а смртта уште потрагична. News.com.au ја пренесува приказната за тоа како се тргнало на лошо за невиното момче од Бронкс.
Животот му тргнал наопаку во текот на рутинската прошетка во делот на Бронкс наречен Белмонт. На 15 мај 2010 година му пришле полицајци и го осомничиле за кражба. Го претресле и иако не поседувал ништо невообичаено, уапсен е и подоцна обвинет за кражба, разбојништво и напад.
Пред две години во разговор за медиумите се присетил на таа ноќ.
„Тој човек дојде од некаде и рече дека сум го украл. И следната работа што ја знам е дека ми ставија лисици на рацете“, раскажало момчето.
Три години поминал во затворскиот комплекс Рајкерс Ајленд кој се споредува со Алкатраз. Го тепале стражарите, а најмалку еднаш се сретнал лице во лице со членови на банда кои го удирале додека лежел на подот.
Во првиот инцидент стражарот го извадил момчето од ќелијата, а потоа лицето му го забил во бетонскиот под. Во вториот инцидент водачот на банда му плукнал во лицето на Калиф. Тој се обидел да се одбрани, по што следувал напад од страна на најмалку 10 затвореници кои го тепале се додека стражарите не се обиделе да ја повратат контролата.
Кога не бил соочен со тепање, останувал сам со своите мисли. Гоелм дел од казната ја отслужил во самица. Повеќе пати размислувал за самоубиство.
„Њујоркер“ соопшти дека после 634 дена поминати во притвор, момчето ја искинало постелнината и се обидел да се обеси. Подоцна, истата таа година, неговите другари од средното училиште матурирале без него. Во 2013 година е пуштен без судење или пресуда. Само е пуштен.
Но, не бил слободен. Во ноември 2013 година повторно се обидел да се обеси, по што е одведен во психијатриска болница. Пуштен е, а новинарката Џенифер Гонермен, која порано го интервјуирала и одиграла важна улога во објавувањето на снимките од неговото претепување во затворот, вели дека после тоа се тргнало надолу.
„Беше слаб, немирен и параноичен“, пишува таа.
Во саботата се обесил во домот на својата мајка.
Неговиот адвокат изјавил оти претпоставува дека Калиф се самоубил поради „затворањето и стотина и стотина ноќи поминати во самица“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.