| четврток, 6 декември 2018 |

Со голи раце ја задавил сопругата, па пријавил дека умрела од природна смрт

Р.М. (59) од селот Папратиште кај Пожега е уапсен откако ја задавил својата сопруга Љ.М. (59), а убиството кое првично се обидел да го прикрие, подоцна го признал во полиција.

Монструозното злосторство се случило завчера во куќата на оваа брачна двојка кога сопругот со голи раце ја задушил својата жена која долги години боледува од Алцхајмерова болест. Р.М. потоа пријавил дека сопругата му починала од природна смрт.

Меѓутоа на нејзиното тело се забележани рани па е извршена обдукција која покажала дека Љ.М. починала од последици на задушување. Недолго потоа во Папратиште стигна полицијата и го уапси сопругот – убиец.

Како што наведуваат од МВР, на осомничениот Р.М. по налог на Вишиот јавен обвинтиел во Ужице му е одреден притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде приведен кај обвинител.

-Постојат основи на сомнение дека тој во семејната куќа во Пожега својата сопруга, по вербална расправија, стегајќи и го вратот со раце, ја усмртил, се наведува во соопштението од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top