| четврток, 6 декември 2018 |

Откажан говорот на Коѕијас на Универзитетот Тафтс во Бостон

Откажан е говорот на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на Факултетот Флечер, на Универзитетот Тафтс во Бостон закажан за денес, пишуваат грчките медиуми.

Причината Коѕијас да не замине за САД е ненадејната промена на позицијата државен секретар во американската администрација и заминувањето на Рекс Тилерсон, бидејќи шефот на грчката дипломатија, планирано било да оствари и средби со американски функционери.

Обраќањето на министерот за надворешни работи на Грција на Универзитетот Тафтс беше најавено од грчки портали во САД, додека пак, на официјалниот сајт на Факултетот Флечер, во најавата за денешниот настан, како главен говорник е грчкиот амбасадор во САД, Харис Лалакос.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, патувањето на Никос Коѕијас во САД, не беше никогаш официјално најавено од грчкото МНР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top