| четврток, 6 декември 2018 |

Детската авантура „Фантастичното патување на Роби и Тоби“ од денеска одеднаш тргнува во шест кина низ Македонија

Филмската  авантура за деца „ Фантастичното патување на Роби и Тоби“ за необичните пријатели кои создаваат совршено возило со кое ќе можат да патуваат по воздухот, водата и земјата, од денеска почнува истовремено да се прикажува во шест киносали во Македонија. Приказната за малиот иноватор Тоби и неговиот пријател – малиот робот Роби ќе се прикажува во Кинотеката на Македонија  и киното „Милениум“ во Скопје, во киното при Центарот за култура во Битола и во Домовите на културата во Гостивар, Гевгелија и Неготино.

Станува збор за семеен филм од поновата германска продукција. Режисер е Волфганг Грос. Филмот е во продукција на Wüste Film во копродукција со Studiocanal Film и Walking The Dog.

Роби и Тоби се пријатели, необични пријатели, бидејќи Роби е мал робот. За нивната авантура, за нивното патување тие создаваат совршено возило со кое ќе можат да патуваат по воздухот, водата и земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top