| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Можна е Трета светска војна

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган оцени дека „изградбата на американски бази во Сирија“ навествува дека е можна Трета светска војна.

– Изградија 20 бази во Сирија. Зошто ги изградија? Прво што ми паѓа на памет е поради Турција и Иран. Веројатно не поради Русија. Тоа всушност ќе значи Трета светска војна. Ќе бидеме подготвени на сѐ – изјави Ердоган.

Тој праша каква работа имаат САД во Сирија.

– Да не сака Америка тука да има граница- додаде Ердоган.

Шефот на турската држава ја критикуваше и меѓународната коалиција, предводена од САД, обвинувајќи ја дека дејствува заедно со Силите за заштита на народот, кои Анкара ги смета за сириски огранок на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК), која од 90-те години на минатиот век се бори за автономија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.
– На местата каде што тие испратија толку многу оружје и муниција, ние заедно со нашата Црвена полумесечина и Дирекцијата за управување со кризи и вонредни состојби (АФАД) доставуваме хуманитарна помош. Тоа е разликата меѓу нас- истакна Ердоган.

Односите меѓу Турција и САД се влошија откако турската армија заедно со сириските бунтовнички групи што ја имаат поддршката на Анкара, на 20 јануари во реонот на Африн почна воена оперцијата против Силите за заштита на народот.

Според Анкара, цел на оваа операција, наречена „Маслиново гранче“, е потиснување на борците на Силите за заштита на народот од реоните долж сириската граница кон Турција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top