Даночните канцеларии на Управата за јавни приходи (УЈП) денеска ќе работат со продолжено работно време зашто истекува рокот за поднесување Годишна даночна пријава (ГДП).
Како што соопшти УЈП, сите регионални дирекции, во Скопје, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Прилеп ќе примаат пријави до 21:30 часот, даночните одделенија во Охрид, Струга, Ресен, Кавадарци, Велес, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Виница, Свети Николе, Берово, Гевгелија, Радовиш, Гостивар, Кичево и Дебар ќе примаат пријави до 18:00 часот, а даночните шалтери во Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево, Кратово, Делчево, Пробиштип и Валандово, вклучувајќи ги и дополнителните шалтери отворени во Центар (зграда на ССМ), како и општините Ѓорче Петров, Гази Баба и Аеродром, ќе примаат пријави до 18:00 часот.
За ненавремено поднесување, односно неподнесување даночна пријава и за нецелосно пријавени приходи, законот предвидува глоба од 100 до 200 евра во денарска противвредност.
Заклучно со вчера, на ниво на цела Македонија се поднесени 393.145 годишни даночни пријави од кои 1.934 по електронски пат. Во Скопје се поднесени 149.201 пријави од кои 1.2001 електронски, во Битола 53.448 од кои 137 електронски, во Тетово 51.498 од кои 160 електронски, во Стрмица 34.435 од кои 124 електронски, во Пприлеп 35.275 од кои 117 електронски и во Штип 69.288 од кои 195 електронски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство