| четврток, 6 декември 2018 |

Жена потешко повредена во пожар во куќа во Куманово

Една жена е потешко повредена во пожар што избувнал синоќа во куќа во Куманово. Жената поради сериозноста на повредите е пренесена во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје. Во пожарот целосно изгорело приземјето на куќата.

Од МВР информираат дека пожарот избувнал синоќа околу 23:20 часот во Куманово на улица „Сава Ковачевиќ“ во куќа сопственост на Ч.К.

– Притоа целосно е опожарено приземјето на куќата. Од пожарот С.К.(60) се стекнала со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Куманово, по што поради сериозноста на повредите со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Терезеа” на понатамошно лекување, соопштуваат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top