| четврток, 6 декември 2018 |

Академик Ќулавкова: Имаме државен континуитет повеќе од некои стабилни држави

Интервју со академик Катица Ќулавкова, пи­са­тел­ка и пот­пре­тсе­да­тел­ка на Ме­ѓу­на­род­ни­от ПЕН, објавено во 41-от број на неделникот „Република“ (14 јуни 2013)

Факт е де­ка и де­нес Ма­ке­до­ни­ја е пред­мет на жел­би и на ос­по­ру­ва­ња од стра­на на си­те со­се­ди и де­ка си го зас­лу­жу­ва атри­бу­тот ја­бол­ко на раз­до­рот. Ток­му не­кои та­кви сте­ре­о­ти­пи се мно­гу по­уч­ни и илу­стра­тив­ни за до­ми­нант­на­та европ­ска и ме­ѓу­на­род­на по­ли­ти­ка по од­нос на Бал­ка­нот, Ју­гос­ла­ви­ја и Ма­ке­до­ни­ја, па не тре­ба да се мар­ги­на­ли­зи­ра­ат и иг­но­ри­ра­ат, ве­ли Ќу­ла­вко­ва.

 

Во ме­ѓу­на­род­ни­от ПЕН ја из­вр­шу­ва­те функ­ци­ја­та пот­пре­тсе­да­тел­ка, из­во­нред­но ви­со­ка по­зи­ци­ја во свет­ска асо­ци­ја­ци­ја, ко­ја е мош­не рес­пе­кта­бил­на. Што зна­чи за Вас овој ан­гаж­ман, но и за Ма­ке­дон­ски­от ПЕН, ка­де што во два ман­да­та бе­вте пре­тсе­да­тел­ка?
Ќулавкова: Ме­ѓу­на­род­ни­от ПЕН е бла­го­род­на вр­ска на Ма­ке­дон­ски­от ПЕН со ед­на свет­ска ор­га­ни­за­ци­ја на пи­са­те­ли, пре­ве­ду­ва­чи и на ин­те­ле­кту­ал­ци, ко­ја ги приз­на­ва ма­ке­дон­ски­от ја­зик и иден­ти­тет во це­лост, и тоа бе­ше пре­суд­но за тол­ку дол­го да оп­ста­не и мо­јот линк со не­го. Ка­ко што зна­е­те, шест го­ди­ни бев пре­тсе­да­вач на Ко­ми­те­тот за пре­вод и за ја­зич­ни пра­ва на Ме­ѓу­на­род­ни­от ПЕН, го пре­не­сов се­ди­ште­то во Скоп­је, по­тоа тоа пак се вра­ти во Бар­се­ло­на. Од 2003 го­ди­на ја ос­но­вав Ко­лек­ци­ја­та „Раз­но­ли­кост“, ко­ја ми­на­та­та го­ди­на во сеп­тем­ври, во Јуж­на Ко­ре­ја, на кон­гре­сот, бе­ше наз­на­че­на ка­ко По­тко­ми­тет на Ко­ми­те­тот за пре­вод и за ја­зич­ни пра­ва на Ме­ѓу­на­род­ни­от ПЕН. На ма­ке­дон­ска­та кни­жев­ност ѝ се по­треб­ни из­ле­зи кон све­тот, прем­но­гу сме изо­ли­ра­ни и са­мо­до­вол­ни во тес­ни­те гра­ни­ци на на­ша­та др­жа­ва, за жал ве­ќе и са­ма­та по­де­ле­на на ја­зич­ни зо­ни и со­о­че­на со вна­треш­ни ко­му­ни­ка­ци­ски оп­струк­ции и кон­фу­зии око­лу тоа што е ма­ке­дон­ска кни­жев­ност, а што не­што дру­го. Ме­ѓу­на­род­ни­от ПЕН на­до­ме­сту­ва ба­рем дел од праз­ни­ни­те што по­сто­јат во Ма­ке­до­ни­ја и кои, ве­ру­вам, не са­мо ме­не ка­ко по­е­ди­нец, нè има­ат истра­у­ма­ти­зи­ра­но ко­ле­ктив­но и сè уште нè тра­у­ма­ти­зи­ра­ат со мно­гу­број­ни­те па­ра­до­кси и иску­ше­ни­ја пред кои се на­о­ѓа Ма­ке­до­ни­ја, ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет, ма­ке­дон­ски­от на­род. Не­у­доб­но ми е да оста­нам са­мо во те­сен круг во кој ќе се ве­ли­ча­ме са­ми­те се­бе­си без да има­ме мож­ност за по­се­ри­оз­ни спо­ред­би и вред­ну­ва­ња. Ме­ѓу­на­род­ни­от ПЕН, исто та­ка, по­ка­жу­ва де­ка пи­са­те­лот не е изо­ли­ра­на тво­реч­ка ин­ди­ви­дуа, ту­ку по­сто­ја­но актив­на, дејс­тви­тел­на и са­мо­свес­на лич­ност. Од пи­са­те­ли­те во цел свет, па вклу­чи­тел­но и во Ма­ке­до­ни­ја, се оче­ку­ва да би­дат ан­га­жи­ра­ни во овие вол­не­ни, то­та­ли­тар­ни и кон­фуз­ни вре­ми­ња за да го раз­ла­чу­ва­ат ху­ма­но­то од ан­ти­ху­ма­но­то и не­ху­ма­но­то, за да ѝ по­мог­нат на исто­ри­ја­та да се од­ви­ва со по­мал­ку пос­ле­ди­ци врз чо­веч­ка­та ци­ви­ли­за­ци­ја и кул­ту­ра и ду­хов­ност, да ги раз­об­ли­чу­ва или да ги де­ми­сти­фи­ку­ва кон­стру­кти­те на гло­бал­ни­от по­ре­док, кои се не­ми­ло­срд­ни спре­ма ма­ли­те и не­за­шти­те­ни ја­зич­ни, кул­тур­ни и ет­нич­ки ен­ти­те­ти. Де­нес, нас­про­ти ми­ли­та­ри­за­ци­ја­та на др­жа­ви­те и на го­ле­ми­те свет­ски си­ли, се во­ста­но­ву­ва ед­на дру­га моќ, мо­ќта на умот на твор­ци­те, умет­ни­ци­те и на­уч­ни­ци­те, ду­хов­на­та моќ на на­ро­ди­те и на чо­веш­тво­то. Ду­хов­на­та пре­род­ба на чо­веш­тво­то мо­же да ја спа­си со­вре­ме­на­та ци­ви­ли­за­ци­ја од ко­лапс. Пи­са­те­лот се­ко­гаш бил си­но­ним за јас­на свест, ви­зи­ја и ин­ту­и­ци­ја за­тоа што се изра­зу­ва со збо­ро­ви, а ја­зи­кот е сре­ди­ште на све­ста.

„Збо­рот и сло­бо­да­та“ бе­ше те­ма­та на ре­ги­о­нал­на­та ПЕН-кон­фе­рен­ци­ја, ко­ја се одр­жа во Скоп­је. Што се слу­чу­ва со сло­бо­да­та на го­вор во све­тот, но и кај нас?
ЌулавковаАко со го­ди­ни се оп­стру­и­ра и се санк­ци­о­ни­ра сло­бо­да­та на го­во­рот на но­ви­на­ри­те, пи­са­те­ли­те, ин­те­ле­кту­ал­ци­те и опо­зи­ци­ски­те ме­ди­у­ми, то­гаш об­је­ктив­но тре­ба да се оче­ку­ва воз­др­жа­ност кај ин­те­ли­ген­ци­ја­та, вни­ма­тел­ност, ме­ха­низ­ми на ми­ми­кри­ја, па­сив­ност, пов­ле­ку­ва­ње, страв, молк… Тоа е знак и до­каз де­ка отсус­тву­ва сло­бо­да на изра­зот и де­ка таа тен­ден­ци­ја до­пр­ва ќе ги по­ка­же нај­дра­ма­тич­ни­те пос­ле­ди­ци. Па­ра­до­ксал­но е, но ток­му во епо­ха ко­га најм­но­гу се збо­ру­ва за сло­бо­да на изра­зот и на ме­ди­у­ми­те, сло­бо­да­та е оп­стру­и­ра­на на се­кој че­кор, под над­зор, па има­ме во ствар­но­ста – до­зи­ра­на сло­бо­да, бри­фи­ра­на сло­бо­да, ди­ри­ги­ра­на сло­бо­да, стро­го кон­тро­ли­ра­на де­мо­кра­ти­ја.

Ма­ке­до­ни­ја не е над­вор од све­тот, па и во неа се слу­чу­ва­ат слич­ни со­би­ти­ја, со фор­ми­ра­ат со­од­вет­ни стру­ктур­ни од­но­си на ре­ла­ци­ја офи­ци­ја­лен ди­скурс или мејн­стрим и ал­тер­на­тив­ни иде­о­ло­шки и кул­тур­ни ма­три­ци. Со­ци­јал­ни­те мре­жи де­лум­но и при­вре­ме­но ја ком­пен­зи­ра­ат огра­ни­че­на­та сло­бо­да на изра­зу­ва­ње, но со­ци­јал­ни­те мре­жи по­вр­зу­ва­ат, глав­но, ин­те­ле­кту­ал­ци, мла­ди по­пу­ла­ции, а ши­ро­ки­те на­род­ни ма­си оста­ну­ва­ат над­вор од до­стре­лот на нив­но­то идеј­но и оп­штес­тве­но вли­ја­ние. Освен тоа, со не­кои ме­ѓу­на­род­ни и ло­кал­ни (др­жав­ни) за­ко­ни се пред­ви­де­ни мер­ки за кон­тро­ла на сло­бо­да­та, следс­тве­но и за неј­зи­но огра­ни­чу­ва­ње и ма­ни­пу­ла­ци­ја со сло­бо­да­та. Ние и де­нес во Ма­ке­до­ни­ја гле­да­ме ка­ко се ма­ни­пу­ли­ра со ин­фор­ма­ции во оче­ку­ва­ње на одре­де­ни ди­ри­ги­ра­ни ре­ак­ции на јав­но­ста, т.е. на де­ло­ви од јав­но­ста. Тоа се пра­ви со цел да се по­стиг­не одре­де­на сли­ка за со­стој­би­те, а со тоа да се вли­јае врз одре­де­ни оп­штес­тве­ни про­це­си, врз про­це­сот на до­не­су­ва­ње од­лу­ки за бит­ни со­ци­о­кул­тур­ни, по­ли­тич­ки, ур­ба­ни, де­мо­граф­ски и дру­ги пра­ша­ња.

Мис­лам де­ка кон­фе­рен­ци­ја­та ука­жа на одре­де­ни не­га­тив­ни про­це­си во све­тот по од­нос на ли­ми­ти­ра­ни­те сло­бо­ди на изра­зот. Исто та­ка, ре­а­ги­рав­ме и на со­стој­би­те во Тур­ци­ја со апел да се за­пре при­ме­на­та на си­ла врз мир­ни­те де­мон­стра­ции и де­мон­стран­ти. Бе­ше ука­жа­но и на по­тре­ба­та да се за­шти­ти сло­бо­да­та на го­во­рот и во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, за­што и таа е на удар, осо­бе­но од вре­ме­то ко­га од ди­ри­ги­ра­ни до­го­во­ри ме­ѓу по­ли­тич­ки пар­тии се на­пра­ви култ­ни со­цио-по­ли­тич­ки и ци­ви­ли­за­ци­ски вред­нос­ни ре­пе­ри. Ма­ке­дон­ска­та кул­тур­на ма­три­ца е де­нес во еден вид „оку­па­ци­ја“, при­ти­со­ци од крај­но не­ло­гич­ни и не­де­мо­крат­ски вред­нос­ни на­че­ла, па ин­те­ли­ген­ци­ја­та тре­ба под ит­но да ре­а­ги­ра за да се со­чу­ва ба­рем дел од нас­ле­де­ни­те пра­ва на Ма­ке­дон­ци­те и на ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни.

Katica-Kjulavkova-02

Ко­ми­те­тот за пи­са­те­ли во за­твор, во рам­ки­те на ПЕН, е фор­ми­ран ка­ко ре­зул­тат на от­по­рот во вр­ска со оби­ди­те да се за­мол­чат кри­тич­ки­те гла­со­ви во све­тот. Ту­ка спа­ѓа­ат и слу­ча­и­те на пи­са­те­ли­те во за­твор, пи­са­те­ли уби­е­ни или ис­чез­на­ти во фа­ши­стич­ки­от ре­жим во Евро­па, во рам­ки на ко­му­ни­стич­ки­от блок и во пос­тко­ло­ни­јал­ни­те зем­ји. Кај нас сѐ уште не­ма пи­са­те­ли во за­твор, но има­те ли соз­на­ни­ја за не­ка­кви при­ти­со­ци?
Ќулавкова: Ко­ми­те­тот за пи­са­те­ли во за­твор на Ме­ѓу­на­род­ни­от ПЕН ре­а­ги­ра на за­тво­ра­ње и на санк­ци­о­ни­ра­ње на пи­са­те­ли, но, исто та­ка, и, мо­же­би, уште по­ве­ќе на но­ви­на­ри и на ин­те­ле­кту­ал­ци. Во Ма­ке­до­ни­ја сѐ уште вла­дее инер­ци­ја­та на убе­ду­ва­ње­то од ми­на­то­то де­ка не­ма пи­са­те­ли во за­твор, па тоа се реф­ле­кти­ра­ше и врз од­лу­ка­та да не се фор­ми­ра Ко­ми­тет за пи­са­те­ли во за­твор на Ма­ке­дон­ски­от ПЕН. Но, и во Ма­ке­до­ни­ја има симп­то­ма­тич­ни и сом­ни­тел­ни суд­ски и дру­ги про­це­си око­лу но­ви­на­ри и ин­те­ле­кту­ал­ци, па ми се чи­ни де­ка има про­стор за одре­де­ни ре­ак­ции за­ра­ди за­шти­та на чо­ве­ко­ви­те пра­ва и сло­бо­да­та на изра­зот. Ако жи­ве­е­ме во плу­рал­но оп­штес­тво, то­гаш тре­ба да ја до­пу­шти­ме плу­рал­но­ста на иде­о­ло­шки­те пог­ле­ди на на­ша­та ствар­ност, па ду­ри и да ја пот­тик­ну­ва­ме. Иде­о­ло­шка­та плу­рал­ност на мис­ле­ња­та и на тол­ку­ва­ња­та на глав­ни­те обрас­ци на раз­вој­но и на по­ли­тич­ко дејс­тву­ва­ње е по­ка­за­тел за де­мо­кра­тич­но­ста на ед­но оп­штес­тво. Ако неа ја не­ма, зна­чи не­што не е во ред не са­мо со но­си­те­ли­те на вла­ста, ту­ку и со вла­де­јач­ки­те иде­о­ло­шки ма­три­ци.

Ту­ка мо­рам да ка­жам де­ка Ме­ѓу­на­род­ни­от ПЕН ре­а­ги­ра мно­гу ит­но, бр­зо, на акту­ел­ни­те со­стој­би во све­тот, во одре­де­ни ре­ги­о­ни и во одре­де­ни др­жа­ви. Не сум со­се­ма убе­де­на де­ка и во ре­ак­ци­и­те на Ме­ѓу­на­род­ни­от ПЕН не е фр­ле­на сен­ка­та на не­кои по­ви­со­ки по­ли­тич­ки ин­стан­ции, но, се­пак, пи­са­те­ли­те ус­пе­ва­ат да вос­по­ста­ват рам­но­те­жа во сво­и­те ре­ак­ции.

Кол­ка­ва е мо­ќта на збо­рот, на иска­жа­ни­от и на пи­ша­ни­от, а осо­бе­но – кол­ку те­жи јав­но иска­жа­ни­от збор на по­ли­ти­ча­рот, на ин­те­ле­кту­а­ле­цот, на пи­са­те­лот?
ЌулавковаЈав­но иска­жа­на­та реч вре­ди ако стиг­не до јав­но­ста, ако е про­чи­та­на и ува­же­на од моќ­ни­ци­те и од суб­је­кти­те на кои им е на­ме­не­та. Кај нас не­кои из­де­ле­ни, оса­ме­ни ал­тер­на­тив­ни гле­да­ња на не­шта­та во ре­ги­о­нот и во Ма­ке­до­ни­ја оста­ну­ва­ат пре­мол­ча­ни, без ре­ак­ци­ја, си­стем пу­шти не­ка по­ми­не, се­кое чу­до за три де­на, ку­чи­ња­та ла­ат – кар­ва­нот си вр­ви, за­тоа што ре­чи­си не по­сто­јат ме­ди­у­ми што си­сте­мат­ски ќе се про­фи­ли­ра­ат ка­ко застап­ни­ци и про­мо­то­ри на ал­тер­на­тив­ни­те пог­ле­ди на свет. Од ед­на стра­на, не­ма фи­нан­сии за та­кви­те ме­ди­у­ми, од дру­га има за­кон­ски оп­струк­ции, од тре­та се вр­ши при­ти­сок врз сло­бод­но­мис­леч­ки­те лич­но­сти, та­ка што си­ту­а­ци­ја­та во­оп­што не е ро­зо­ва. Тоа што ме­не ми не­до­сти­га, тоа е струч­на, на­уч­но из­др­жа­на, ком­па­ра­тив­на ана­ли­за и ин­тер­пре­та­ци­ја од ли­ца од уни­вер­зи­тет­ски­те и ака­дем­ски­те кру­го­ви, вклу­чи­тел­но и од Ма­ке­дон­ска­та ака­де­ми­ја на на­у­ки­те и на умет­но­сти­те. По­е­ди­неч­ни ста­во­ви има­ме, но по­ре­тко има­ме ста­во­ви на ин­сти­ту­ции што ќе би­дат кри­тич­ки на­стро­е­ни спре­ма вла­де­јач­ки­те ди­скур­си, пра­кти­ка и по­ли­ти­ка. При тоа мис­лам на це­ли­от пер­и­од од оса­мо­сто­ју­ва­ње­то на Ма­ке­до­ни­ја. Ме­сто да се до­жи­вее ре­не­сан­са на сло­бод­ни­от ум, ние пос­лед­ни­ве 20-ина го­ди­ни се со­о­чу­ва­ме со од­лив на сло­бод­ни­от ум. Не мо­жеј­ќи да се изра­зи до­ма, сло­бод­ни­от и кре­а­ти­вен по­тен­ци­јал бе­га над­вор од др­жа­ва­та.

Ако ус­пеш­но­ста на ед­но оса­мо­сто­ју­ва­ње или на ед­на др­жа­ва се це­ни по тоа кол­ку го за­др­жа­ла ин­те­ле­кту­ал­ни­от, на­уч­ни­от и кре­а­тив­ни­от по­тен­ци­јал до­ма и го вклу­чи­ла во раз­во­јот на др­жа­ва­та, то­гаш Ма­ке­до­ни­ја не мо­же да се по­фа­ли со та­ква при­до­би­вка. Во Ма­ке­до­ни­ја оста­ну­ва­ат, глав­но, по­ста­ри­те ге­не­ра­ции, не­о­бра­зу­ва­ни­те, не­моќ­ни­те и тие што има­ат не­ка­ква по­зи­ци­ја. Си­те дру­ги мла­ди ја на­пу­шта­ат зем­ја­та, по­ве­ќе са­ка­ат да се со­о­чат со не­из­вес­но­сти­те во ту­ѓи­на, одо­што со кон­фу­зи­ја­та на вред­но­сти­те во Ма­ке­до­ни­ја, од­би­ва­ат да тр­пат пос­ле­ди­ци на по­греш­на по­ли­ти­ка на вра­бо­ту­ва­ње и на на­гра­ду­ва­ње на ра­бо­та­та/тру­дот. Прин­ци­пот на т.н. ет­нич­ка пра­вич­ност е пр­ви­от ге­не­ра­тор на од­ли­вот на мла­да­та ин­те­ли­ген­ци­ја во странс­тво, по­тем ни­ски­те при­ма­ња и сла­би­от старт за ег­зи­стен­ци­ја и за фор­ми­ра­ње се­мејс­тво. Ме­сто кри­те­ри­ум на вр­вен ква­ли­тет за кој се за­ла­га све­тот, а и ние дек­ла­ра­тив­но, во­ве­дов­ме прин­ци­пи што не би­ле својс­тве­ни ни на нај­мрач­ни­те епо­хи на чо­веш­тво­то. Во не­ко­гаш­на Ју­гос­ла­ви­ја се во­де­ше сме­тка за за­ста­пе­ност на мал­цинс­тва­та, но тоа не бе­ше екск­лу­зив­на за­кон­ска пра­кти­ка, ко­ја ќе оди на ште­та на ква­ли­те­ти­те и на спо­соб­но­сти­те. Ме­сто да се за­ла­га­ме да не­ма ди­скри­ми­на­ци­ја по ет­нич­ка ос­но­ва, за ни­ко­го и ни­ка­де, ние при­ви­ле­ги­ра­ме ед­но мал­цинс­тво за сме­тка на си­те дру­ги гра­ѓа­ни и спо­соб­ни ин­те­ле­кту­ал­ци. Пос­ле­ди­ци­те од та­ква­та по­ли­ти­ка се на­се­ту­ва­ат и се чув­ству­ва­ат и се­га, но мис­лам де­ка во ско­ра ид­ни­на ќе се до­жи­ве­ат ви­стин­ски­те су­ро­ви пос­ле­ди­ци од ва­ква­та не­ра­зум­на и не­пра­вич­на по­ли­ти­ка.

Katica-Kjulavkova-03

Зо­што ин­те­ле­кту­ал­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја мол­чат? Зо­што не­ма отво­ре­ни де­ба­ти?
ЌулавковаПр­во, мис­лам де­ка оп­шти­от ам­би­ент ве­ќе два­на­е­сет го­ди­ни е за­се­нет со до­ми­нант­ни­те раз­вој­ни по­ли­тич­ки си­сте­ми на (ква­зи)вред­но­сти, па од­на­пред е осу­е­те­на пра­кти­ка­та на сло­бод­ни рас­пра­ви. Та­му ка­де што вла­дее страв од пос­ле­ди­ци­те од сло­бод­но иска­жа­но­то мис­ле­ње до­а­ѓа и до отсус­тво на сло­бод­но мис­ле­ње, не­ма до­вол­но отво­ре­ни кри­тич­ки де­ба­ти, за­што и ако ги има, тие се обе­ле­жа­ни од по­ли­тич­ка при­пад­ност. Мно­гу се­ри­оз­ни мис­ли­те­ли во Ма­ке­до­ни­ја се на мар­ги­ни­те на оп­штес­тве­ни­от ди­ја­лог за­што из­бег­ну­ва­ат ети­ке­ти­ра­ње и кла­си­фи­ку­ва­ње врз на­че­ло на по­ли­тич­ка при­пад­ност. До­пу­ште­те да мис­ли­ме на не­кој на­чин, а при тоа да не би­де­ме чле­но­ви на одре­де­на по­ли­тич­ка пар­ти­ја, да не би­де­ме ни про ни кон­тра вла­ста, на­про­сто да мис­ли­ме сло­бод­но. Таа вон­пар­ти­ска оп­ци­ја те­шко оп­ста­ну­ва во Ма­ке­до­ни­ја. Од дру­га стра­на, те­ле­ви­зи­ски­те ме­ди­у­ми се ори­ен­ти­ра­ат са­мо на ед­на ма­ла гру­па ко­мен­та­то­ри и ана­ли­ти­ча­ри, тие и не по­ка­жа­ле ин­те­рес да го слуш­нат мис­ле­ње­то на не­за­вис­ни­те ин­те­ле­кту­ал­ци. Та­ква­та си­ва си­ту­а­ци­ја во меди­у­ми­те го уни­шту­ва и са­ми­от по­рив да се гле­да те­ле­ви­зи­ја или да се чи­та­ат одре­де­ни вес­ни­ци. Вла­дее мо­но­то­ни­ја во идеј­на­та сфе­ра, це­лос­на спро­тив­ста­ве­ност на по­ли­тич­ки­от иден­ти­тет, по­дел­ба по ет­но­по­ли­тич­ка при­пад­ност, вла­де­е­ње на ет­нич­ки бло­ко­ви во си­те сфе­ри, а ко­га има­те ет­но­кра­ти­ја не­ма­те де­мо­кра­ти­ја.

Со го­ди­ни сте уни­вер­зи­тет­ска про­фе­сор­ка. Што се слу­чу­ва на по­ле­то на ора­торс­тво­то кај мла­ди­те? Ора­торс­тво, не во смис­ла на нат­пре­вар што се одр­жу­ва на Прав­ни­от фа­кул­тет, ед­наш го­диш­но, ту­ку тоа ви­стин­ско ора­торс­тво. Да­ли обра­зов­ни­от си­стем, ва­ков ка­ков што е, обра­зу­ва ка­дри што ќе уме­ат и зна­ат да го иска­жат јав­но сво­јот став? Уме­ат ли по­том­ци­те на Пр­ли­чев да би­дат не­го­ви до­стој­ни нас­лед­ни­ци?
ЌулавковаМаке­дон­ски­от јазик е из­во­нред­но богат јазик, кој уште во де­сет­ти­от век соз­дал цели шко­ли на бе­сед­ни­ци или ора­то­ри. Да се по­тсе­ти­ме са­мо на сло­ва­та на св. Кли­мент и на св. На­ум, од тој пер­и­од, на при­мер и на Охрид­ска­та шко­ла. Обра­зо­ва­ни­е­то би­ло кла­сич­но и по­драз­би­ра­ло во­ве­ду­ва­ње и пра­кти­ку­ва­ње на ре­то­рич­ки­те ве­шти­ни. Де­нес тоа е за­по­ста­ве­но со­се­ма, за што све­до­чи ни­ска­та ре­то­рич­ка кул­ту­ра во пар­ла­мен­тот и во по­ли­тич­ки­от жи­вот. Би мо­же­ло да се сти­му­ли­ра и сло­бод­но­то обра­зо­ва­ние по ре­то­ри­ка, мис­лам над­вор од стан­дард­ни­те обра­зов­ни ин­сти­ту­ции, но до­бро е ток­му низ ре­гу­лар­но­то обра­зо­ва­ние да се пра­кти­ку­ва­ат ре­то­рич­ки­те ве­шти­ни. Ми­на­та­та го­ди­на на­пра­вив­ме ед­на дво­не­дел­на ра­бо­тил­ни­ца по бе­сед­ниш­тво со мла­ди пи­са­те­ли и ин­те­ле­кту­ал­ци, кои пи­шу­ваа есеи по по­вик на „По­е­ти­ки“ и „Раз­но­ли­кост“ и тоа се по­ка­жа ка­ко мош­не ус­пеш­но. Но, ние има­ме мно­гу огра­ни­че­ни средс­тва и за­се­га бав­но се од­ви­ва таа деј­ност. Се­пак, има одре­де­ни оби­ди за ре­то­рич­ки про­е­кти и за кре­а­тив­но пи­шу­ва­ње, па да се на­де­ва­ме де­ка тоа ќе се из­диг­не во ед­на по­си­сте­мат­ска кул­тур­на пра­кти­ка и по­ли­ти­ка.

Во Ва­ша­та кни­га „Хер­ме­не­вти­ка на иден­ти­те­ти“ до­ми­ни­ра те­за­та де­ка Ма­ке­до­ни­ја е про­ек­ци­ја на но­во­кон­стру­и­ра­ни­от сте­ре­о­тип на Бал­ка­нот ка­ко „бу­ре ба­рут“ и си­но­ним за вар­ва­ри­зам, но кни­га­та ини­ци­ра акту­ел­ни и те­мел­ни пра­ша­ња по­вр­за­ни со ма­ке­дон­ско­то би­тие и иден­ти­тет во исто­ри­ја­та и де­нес. Ка­ков е Ва­ши­от став за ова? Ка­ко да ја сме­ни­ме сли­ка­та за Ма­ке­до­ни­ја во рам­ки­те на тоа бу­ре ба­рут?
Ќулавкова: Па, јас мис­лам де­ка сте­ре­о­тип­на­та сли­ка на Бал­ка­нот ка­ко „бу­ре ба­рут“, ка­ко ко­тел што врие, бе­ше ин­стру­мен­та­ли­зи­ра­на при рас­па­дот на не­ко­гаш­на Ју­гос­ла­ви­ја, ка­ко што е упо­тре­бен и во вто­ра­та по­ло­ви­на на 19 век, ко­га се вр­ши пр­ва­та офи­ци­јал­на по­дел­ба на ма­ке­дон­ска­та те­ри­то­ри­ја на Бер­лин­ски­от кон­грес, ко­га се од­лу­чу­ва за суд­би­на­та на Бал­ка­нот. То­гаш се во­ве­ду­ва­ат овие тер­ми­ни за Бал­ка­нот, а за Ма­ке­до­ни­ја ка­ко за „ја­бол­ко на раз­до­рот“. Факт е де­ка и де­нес Ма­ке­до­ни­ја е пред­мет на жел­би и на ос­по­ру­ва­ња од стра­на на си­те со­се­ди и де­ка си го зас­лу­жу­ва атри­бу­тот ја­бол­ко на раз­до­рот. Ток­му не­кои та­кви сте­ре­о­ти­пи се мно­гу по­уч­ни и илу­стра­тив­ни за до­ми­нант­на­та европ­ска и ме­ѓу­на­род­на по­ли­ти­ка по од­нос на Бал­ка­нот, Ју­гос­ла­ви­ја и Ма­ке­до­ни­ја, па не тре­ба да се мар­ги­на­ли­зи­ра­ат и иг­но­ри­ра­ат. Всуш­ност, и спре­ма сте­ре­о­ти­пи­те тре­ба да се од­не­су­ва­ме ана­ли­тич­ки и да ја споз­на­е­ме на­ме­ра­та, ко­ја, не­сом­не­но, по­стои при нив­на­та акту­а­ли­за­ци­ја пре­ку ме­ди­у­ми­те и по­ли­тич­ки­те фа­кто­ри. Не­га­тив­ни­те сте­ре­о­тип­ни ви­зии на Бал­ка­нот, ако е за пра­во, пр­во и најм­но­гу беа рас­про­стра­не­ти пре­ку јав­ни­те ме­ди­у­ми, пре­ку не­кои умет­нич­ки де­ла и умет­ни­ци и те­о­ре­ти­ча­ри, пре­ку не­кои ква­зи­те­о­рии. За­тоа тре­ба да би­де­ме кри­тич­ки на­стро­е­ни спре­ма та­кви­те по­ја­ви на упо­тре­ба и на зло­у­по­тре­ба на ин­те­ле­кту­а­ле­цот и на не­го­ва­та моќ да дејс­тву­ва врз јав­но­то мне­ние за да не ѝ да­де­ме по­кри­тие на не­ко­ја не­ху­ма­на по­ли­ти­ка и да не им да­де­ме ле­ги­ти­ми­тет на не­кои, во слу­ча­јов, ан­ти­ма­ке­дон­ски кон­цеп­ции. Мо­ја­та цел уште во 2005 го­ди­на бе­ше да ја пот­тик­нам све­ста де­ка Бал­ка­нот, вклу­чи­тел­но и Ма­ке­до­ни­ја, по­дол­го вре­ме во исто­ри­ја­та би­ле ме­сто на ми­рен ци­ви­ли­за­ци­ски раз­вој, лул­ка на ци­ви­ли­за­ци­ја­та и де­ка, ако се пот­тик­ну­ва таа сли­ка, тој по­зи­ти­вен сте­ре­о­тип, ќе се пот­тик­нат по­зи­тив­ни про­це­си на Бал­ка­нот и во Евро­па. Но, се чи­ни, на не­кои мрач­ни цен­три не им е цел­та да пот­тик­ну­ва­ат по­зи­тив­ни про­це­си, ба­рем не за Ма­ке­до­ни­ја. Ина­ку, ка­ко ќе ги до­би­е­ја гра­тис обра­зо­ва­ни­те кре­а­тив­ни и ино­ва­тив­ни Ма­ке­дон­ци, кои по­сто­ја­но се од­ле­ва­ат во нив­ни­те др­жа­ви, сто­панс­тво, на­у­ка и кул­ту­ра?

Бе­вте кри­ти­ку­ва­ни по­ра­ди Ва­ше­то твр­де­ње де­ка Сла­во­ма­ке­дон­ци е приз­на­ние, а не на­вре­да! Об­јас­не­те ни го овој Ваш став мал­ку по­де­тал­но?
ЌулавковаМис­лам де­ка не­ма мис­лов­но не­оп­то­ва­рен ин­те­ле­кту­а­лен ка­па­ци­тет во ми­гов во Ма­ке­до­ни­ја за да се ди­ску­ти­ра трез­ве­но за оваа проб­ле­ма­ти­ка. Факт е де­ка во исто­ри­ски­те до­ку­мен­ти од по­ста­ри­те вре­ми­ња се го­во­ри за Ма­ке­дон­ци што се сла­во­фо­ни, од­нос­но збо­ру­ва­ат сло­вен­ски ја­зик, и де­ка со тек на вре­ме две­те су­штес­тве­ни ди­мен­зии на ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја, сло­вен­ска­та пис­ме­ност и кул­ту­ра и ма­ке­дон­ска­та ет­но-ге­о­граф­ска при­пад­ност/по­тек­ло соз­да­ле еден сло­жен ен­ти­тет и иден­ти­тет. Зо­што би ме на­вре­ду­ва­ло не­кој да ми ка­же де­ка ма­ке­дон­ски­от ја­зик е дел од гру­па­та сло­вен­ски и јуж­нос­ло­вен­ски ја­зи­ци, ко­га се знае, спо­ред усво­е­ни­те лин­гви­стич­ки на­уч­ни по­ка­за­те­ли и ти­по­ло­гии де­ка ма­ке­дон­ски­от ја­зик на европ­ски­от ат­лас на ја­зи­ци и на ат­ла­сот на сло­вен­ски­те ја­зи­ци е одре­ден ка­ко сло­вен­ски ја­зик. Сло­вен­ски­те на­ро­ди, ја­зи­ци и кул­ту­ри, ка­ко впро­чем и на­ро­ди, се нај­го­ле­ми­от и кул­тур­но мош­не ком­па­ктен и раз­ви­ен иден­ти­тет, по­пу­ла­ци­ја. Зо­што да бе­га­ме од тој факт, мис­лам, во на­уч­ни кон­тек­сти? Јас не сум рек­ла де­ка тре­ба да го сме­ни­ме име­то во ма­ке­дон­ски Сло­ве­ни/Слав­ја­ни или сло­вен­ски Ма­ке­дон­ци. На­про­сто сло­бод­но ги имам ко­мен­ти­ра­но исто­ри­ски не­по­бит­ни­те фа­кти. Впро­чем, ние и да са­ка­ме де­нес не­ма да ни се доз­во­ли да го од­бе­ре­ме тоа име, кое, мо­же­би, во не тол­ку да­леч­но­то ми­на­то мо­же­ше и да би­де спа­си­тел­но. Де­нес тоа е за­бра­не­то од стра­на на ал­бан­ски­от фа­ктор во Ма­ке­до­ни­ја, за­што тие не се пре­поз­на­ва­ат во сла­во-ма­ке­дон­ски­от комп­лекс, а де­нес се мно­гу вли­ја­тел­ни во пре­го­во­ри­те за име­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

Ту­ка би упа­ти­ла на нај­но­ви­те на­уч­ни соз­на­ни­ја во вр­ска со сло­вен­ски­те ја­зи­ци и кул­ту­ри ка­ко ре­пре­зен­та­тив­но ин­до­е­вроп­ски, не­кои ве­лат и ин­до­а­ри­ев­ски. Сѐ по­ве­ќе се при­фа­ќа те­за­та де­ка про­тос­ло­вен­ски­те ја­зи­ци би­ле пра­кти­ку­ва­ни на по­драч­је­то на Бал­ка­нот во епо­хи пред офи­ци­јал­на­та ко­ди­фи­ка­ци­ја на цр­ков­нос­ло­вен­ско­то пис­мо и ја­зик во де­вет­ти­от век со све­ти­те бра­ќа Ки­рил и Ме­то­диј. Тоа ги за­се­га и Ма­ке­до­ни­ја и ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра, ко­ја е не­разд­вој­на од про­тос­лав­јан­ска­та и сред­но­ве­ков­на­та сло­вен­ска кул­ту­ра, пис­ме­ност, ја­зик и цр­ква. Нај­но­ви­те те­о­рии го по­твр­ду­ва­ат тоа што и јас го ка­жу­вав во мо­и­те есеи де­ка Бал­ка­нот и Ма­ке­до­ни­ја се лул­ка на древ­ни ци­ви­ли­за­ции, на нај­ста­ри­те поз­на­ти пис­ма, на ви­со­ко раз­ви­е­на умет­ност. Зо­што не се со­о­чи­ме со фа­ктот де­ка ние де­нес со не­кои по­стап­ки ја де­гра­ди­ра­ме нас­ле­де­на­та ви­со­ко­раз­ви­е­на ма­ке­дон­ска и сло­вен­ска циви­ли­за­ци­ја? Тре­ба да би­де­ме мал­ку по­са­мо­кри­тич­ни за со­вре­ме­ни­те те­ко­ви, со цел да се све­сти­ме пред да го про­пу­шти­ме пос­лед­ни­от воз на ци­ви­ли­за­ци­ски­от на­пре­док.

Katica-Kjulavkova-04

Ма­ке­дон­ски­от на­ци­о­на­лен иден­ти­тет е ре­ла­тив­но доц­на кон­сти­ту­и­ран и не е ин­те­гри­ран во све­ста на на­ро­дот. „Ма­ке­дон­ски иску­ше­ни­ја и дру­ги ог­ле­ди“ е нас­ло­вот на Ва­ша­та кни­га, ко­ја пос­лед­ни­ве де­се­ти­на го­ди­ни мно­гу остро и јас­но ја ски­ци­ра ма­ке­дон­ска­та ствар­ност оби­ду­вај­ќи се да ја де­фи­ни­ра таа на­ша не­оп­ход­на на­ци­о­нал­на стра­те­ги­ја. А, нај­че­сто­у­по­тре­бу­ва­ни­от збор во тие ана­ли­зи е ток­му збо­рот иску­ше­ние. Сме­та­те ли де­ка ма­ке­дон­ски­от на­ци­о­на­лен иден­ти­тет е пред се­ри­оз­но иску­ше­ние?
ЌулавковаКо­га ре­ков де­ка ма­ке­дон­ски­от на­ци­о­на­лен иден­ти­тет е ре­ла­тив­но доц­на конституиран, мис­лев на ле­ги­ти­ми­ра­ње­то на ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет во кон­ти­ну­и­тет со др­жав­ни­те и на­ци­о­нал­ни ин­сти­ту­ции, што по­себ­но е проб­ле­ма­тич­но во 19 век, ко­га поч­ну­ва­ат же­сто­ки кам­па­њи про­тив Ма­ке­дон­ци­те и за осво­ју­ва­ње на Ма­ке­до­ни­ја во но­во­ком­по­ни­ра­ни­те на­ци­о­нал­ни др­жа­ви на Бал­ка­нот, ко­га Ма­ке­дон­ци­те за да го за­шти­тат го­ли­от оп­ста­нок би­ле при­ну­ду­ва­ни да се из­јас­ну­ва­ат ка­ко кој ќе по­ба­ра од нив. Ег­зи­стен­ци­јал­ни­от страв кај Ма­ке­до­не­цот вли­ја­ел, а и де­нес вли­јае врз од­лу­ки­те за нив­ни­от иден­ти­тет, врз мно­гу под­мол­ни про­це­си на кон­вер­зи­ја. Факт е де­ка Охрид­ска­та ар­хи­е­пи­ско­пи­ја со ве­ко­ви, до кра­јот на 18 век, вр­ши еден вид суп­сти­ту­ци­ја на ма­ке­дон­ска­та др­жав­ност, па не мо­же да се ре­че де­ка има­ме це­ло­сен др­жа­вен ди­скон­ти­ну­и­тет. Има­ме ду­ри и по­ве­ќе од не­кои на­ро­ди што де­нес има­ат ста­бил­ни др­жа­ви, кои ни­кој не ги не­ги­ра. Но, и са­ми­те не сме свес­ни за зна­че­ње­то на ма­ке­дон­ски­те кул­тур­ни и хри­сти­јан­ски ин­сти­ту­ции, кои го за­шти­ту­ва­ле и го раз­ви­ва­ле ма­ке­дон­ски­от кул­ту­рен, ја­зи­чен и ет­нич­ки иден­ти­тет.

Преч­ки­те за вле­зот во Европ­ска­та уни­ја по­сто­ја­но се ис­пре­чу­ва­ат пред се­кој са­мит. Но, за вол­ја на ви­сти­на­та, има и мис­ле­ња де­ка Ма­ке­до­ни­ја во­оп­што не тре­ба да ста­не член­ка на Уни­ја­та. Ка­ков е Ва­ши­от став? Да­ли ва­ква Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја не са­мо што не мо­же, ту­ку и не тре­ба да вле­зе во ЕУ?
ЌулавковаМис­лам де­ка со вле­зот во Европ­ска­та уни­ја тре­ба да се би­де вни­ма­те­лен и ана­ли­ти­чен. При тоа мис­лам де­ка не тре­ба да под­лег­не­ме на при­ти­со­ци, до­вол­но го на­пра­вив­ме тоа до се­га, мис­лам по од­нос на на­ци­о­нал­на­та ка­у­за и по од­нос на уни­тар­но­ста на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. На­та­мош­ни­те от­стап­ки ќе го до­ве­дат во пра­ша­ње оп­ста­но­кот на ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва. Зна­чи не сум евро­скеп­тик, но не сум ни евро­фа­на­тик. Јас сум за раз­ум. Др­жа­ва­та тре­ба да си го пре­поз­нае, да си го де­фи­ни­ра и да си го шти­ти сво­јот др­жа­вен ин­те­рес. Та­ка пра­ват си­те раз­ви­е­ни и са­мо­свес­ни др­жа­ви со раз­вој­на стра­те­ги­ја. Ние сѐ уште не­ма­ме стра­те­ги­ја. Да има­ме, не би би­ле во ди­ле­ма за мно­гу ра­бо­ти, би има­ле из­гра­де­на по­зи­ци­ја. Ова не е кри­ти­ка на акту­ел­на­та власт, ту­ку на си­те до­се­гаш­ни вла­сти од оса­мо­сто­ју­ва­ње­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Ду­ри и во СФР Ју­гос­ла­ви­ја, ка­ко на­род и кул­ту­ра и те­ри­то­ри­ја, имав­ме по­до­сто­инс­тве­но ме­сто.

Се чи­ни де­ка фа­ктот што сме ма­ла др­жа­ва го пре­тво­рив­ме во комп­лекс на мал на­род не­ги­ран од си­те. Ка­ко гле­да­те Вие на тоа?
ЌулавковаСе ра­бо­ти за спе­ци­јал­ни об­ли­ци на вој­на, на при­ти­сок, да се чув­ству­ва­ме ма­ли и не­моќ­ни и да се пре­да­де­ме да нѐ ре­ком­по­ни­ра­ат спо­ред ту­ѓи­те ин­те­ре­си, а не спо­ред ма­ке­дон­ски­от др­жа­вен ин­те­рес. За­тоа не тре­ба да се иден­ти­фи­ку­ва­ме со­се­ма со таа ви­зи­ја на ма­ли и не­моќ­ни, на суб­јект од кој ни­што не за­ви­си, за­што ре­ша­ва­ат го­ле­ми­те и моќ­ни­те. Ако се прет­ста­ви­ме ка­ко до­сто­инс­твен, са­мо­све­сен, де­ло­тво­рен суб­јект, ќе нѐ ува­жу­ва­ат и дру­ги­те. Де­нес гле­да­ме ка­ко и нај­оз­лог­ла­се­ни­те суб­је­кти по рас­па­дот на Ју­гос­ла­ви­ја се по­ка­не­ти да би­дат член­ки на ЕУ, а ние сме не­ка­де над­вор од мар­ги­ни­те. Зо­што? Ве­ро­јат­но за­тоа што сѐ уште не се за­вр­ше­ни поч­на­ти­те про­це­си на пре­у­ре­ду­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва. Та­ка ба­рем ме­не ми се чи­ни. Ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца им про­ште­ва на по­ра­неш­ни­те ре­жи­ми со крај­но сом­ни­те­лен иден­ти­тет, им про­ште­ва на суб­је­кти­те што ини­ци­раа во­е­ни конф­ли­кти и на­пра­ви­ја зло­сторс­тва про­тив чо­веш­тво­то, а со Ма­ке­до­ни­ја по­сто­ја­но има не­ко­ја за­др­шка, поч­ну­вај­ќи од име­то и иден­ти­те­тот, па Уста­вот и сим­бо­ли­те и сѐ дру­го. Ина­ку, по сте­пе­нот на си­ро­ма­шти­ја и не­раз­ви­е­ност Ма­ке­до­ни­ја тре­ба да се за­гри­жи ако са­ка да вле­зе во ЕУ.

Разговараше: Невена Поповска
Фото: Александар Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top