| четврток, 6 декември 2018 |

Креативен викенд во Лазарополе

Во рамки на проектот „Креативен викенд“ во селото Лазарополе од 29-30 јуни 2013 ќе се одржи работилница за звук и теренски снимки под име Nature meets technology во организација на post global recordings & co-linear. Nature meets technology е работилница за звучен пејзаж и теренски снимки, каде уметниците што сакаат природа и звук и имаат сличен пристап кон музиката и животот, ќе имаат можност да се соберат на едно прекрасно место и заедно да работат, создаваат, да ја претстават својата работа, да соработуваат и да уживаат во природата. Се работи за интерактивна работилница наменета за локални и интернационални артист и млади кој се заинтересирани за звук, теренско снимање, аудиомонтажа и продукција, радиоарт, саундарт и сл. и сите оние кои имаат интерес да се запознаат со основите на звучната уметност.

APS_1888

Работилницата ќе се состои од работни сесии, кратки предавања, презентации, дискусии, теренско снимање на звуци и практична работа во природа, како и поединечни и групни настапи и импровизациски сесии на отворен простор, каде низ текот на оваа работилница ќе имаат можност прво теоретски да се запознаат со проблематиката и начинот на работа, а потоа и практично ќе се запознаат со концептот на теренско снимање со преносни аудио снимачи, како и целосен третман на снимениот звук од трансфер, монтажа, процесирање, секвенцирање, па сѐ до креирање, продукција и изведба на конкретна звучна форма. Работилницата ќе ја водат кураторите Тони Диимтров и Сашe Пуцковски, а на работилницата учество ќе земат и етаблирани музичари од македонската, српската, француската и мексиканската електронскa сцена. Резултатот од ова работилница ќе се претстави со импровизациски сесии во рамките на самиот настан во Лазарополе, а потоа и на други локации низ Македонија. Работилницата е трета во серијата работилници од овој тип работилници за звук (по работилницата за звучен пејзаж во урбана средина), а втора во Лазарополе. На ова издание на работилницата за прв пат ќе учествуват артисти и од други земји, како Србија, Франција и Мексико. Во план е оваа иницијатива да продолжи да се развива и понатаму во различни правци и со различен коцепт.

APS_2327

Како заокружување на овој проект, во вторник 2 јули во арт-кафе „Менада“ ќе се одржи и презентација на резултатите од работилницата  и концерт на групата StJv, чии членови се учесници на оваа работилница за звук.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top