| четврток, 6 декември 2018 |

Дет метал доживување во летно „Хавана“

Во вторник, 2 јули, сцената на летната дискотека „Хавана“ ќе биде домаќин на „Криптопси“ („Cryptopsy“), познатиот технички дед метал бенд од Канада, пренесува мкметал.мк. Покрај нив, оваа дед метал претстава ќе ја заокружат и домашните скопски бендови „Деменси“ („Demency“), кои зад себе имаат еден албум („Inhaling of chaos“) издаден во 2006 година и трешерите „Фјурион“ („Furion“), кои неодамна го издадоа својот првенец („Thrashing folks“).

demency

Скопскиот метал бенд „Demency“

Гостинскиот бенд е оформен во далечната 1988 година под името „Некросиз“ („Necrosis“). Под ова име издаваат неколку демо снимки, а потоа го менуваат името во „Криптопси“. Во 1994 година го снимаат својот прв и експлозивен албум („Blasphemy made flesh“). Потоа, продолжуваат со истата жестокост и во периодот од 1995 до 2005 година издаваат неколку одлични дед метал албуми. Во 2005 година го издаваат албумот „Once was not“, во кој можат да се сретнат и поинакви музички влијанија, за потоа, со албумот „The unspoken king“, целосно да го променат својот музички стил, кој не наиде на добар прием кај метал публиката. Конечно, во 2012 година го издаваат албумот „Криптопси“ со кој најавија враќање кон дед метал бруталноста.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top