| четврток, 6 декември 2018 |

Западните медиуми предупредувaат: Русија може да преовлада над НАТО

Европската Унија би требало повеќе да биде загрижена за конвенционалните сили кои Русија ги распоредува на Балтикот отколку за нуклеарното вооружување, пишува британски „Економист“.

Како што наведува весникот, Путин во своето годишно обраќање до нацијата и говорот за нуклеарната ракета со неограничен досег, која гарантирано може да ја избегне американската противвоздушна одбрана, ги освоил насловните страници, како што и посакувал. Сепак, она за што треба да се грижи Европа е растечката руска моќ што се развива на Балтикот, се наведува во статијата објавена на 8 март. Според повеќето параметри, НАТО е во предност во однос на Русија, но реалноста на теренот би можела да биде поинаква, предупредува весникот.

Како што се наведува во текстот кој се повикува на наодите од корпорацијата RAND, експертите тврдат дека Русија сега има значајна локална супериорност во однос на НАТО, во случај на конфликт во близина на нејзините граници. Силите на НАТО, кога би се здружиле, би биле „преголем залак“ за Русија, но во раната фаза на евентуален конфликт, барем во текот на првиот месец, а можеби и подолго, Алијансата би била надвладеана.

Како што наведува британскиот весник, во изминатата деценија има разлика во развојот кај западните сили и нивните руски колеги. Предноста на Русија, како што стои во текстот, е употребата на внатрешните линии за сообраќај со цел брзо да се акумулира поголема вооружена сила. Од друга страна, НАТО не ја сочувал својата транспортната инфраструктура од Студената војна, мостовите не можат да ја поднесат тежината на тенковите, а железничките вагони не се наменети за тешки оружја. Исто така „Економист“ предупредува дека додека членките на НАТО имаат и свои внатрешни проблеми и превирања, приоритетите на Путин се многу појасни.

извор: макфакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top