| четврток, 6 декември 2018 |

Жестока реакција на Русија на обвинувањата на премиерката Тереза Меј

Москва упати силен протест до Британската амбасадорка во Русија , Лора Бристоу , со наводи дека се неосновани тврдењата за руска вмешаност во труењето на екс двојниот шпион , Сергеј Скрипал .

Според министерството за надворешни работи на Русија , со амбасадорката Бристоу разговарал првиот заменик министер за надворешни работи , Владимир Титов .

Тој наводите на Британската премиерка Тереза Меј за вмешаност на Русија во труењето на Скрипал ги нарекол ,,отворена провокација“ .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top