Власта денес се задолжи за 93 милиони евра. Задолжувањето во Македонија, под власта на СДСМ стана пракса, а не исклучок, стои во соопштението што го испрати попладнево опозицијата.
-Од почетокот на годината до денес, односно за два ипол месеци, власта ја задолжи државата за над 790 милиони евра. Додека вкупниот нето долг во истиот период го зголеми за над 540 милиони евра. И додека секојдневно се задолжуваме, економијата стагнира. Во 2017 година не е остварен економски раст, односно истиот е 0 проценти. Градежништвото бележи пад од 20 отсто, а пад бележиме и во други сектори. Бруто инвестициите бележат пад од 1 процент, што е показател за идните тенденции во економијата и јасно покажува дека лоши резултати не очекуваат и во иднина. Во вакви услови на стагнација власта наместо одговорно да се однесува со парите на граѓаните, истата секојдневно се задолжува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата додава дека граѓаните се разочарани, а власта работи спротивно на ветувањата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.