| четврток, 6 декември 2018 |

На денешен ден почина Петар Мазев

На денешен ден, 13 март 1993 година во Скопје почина Петар Мазев, македонски академски сликар, еден од најпознатите уметници на 20-от век во Македонија, претставник на експресионизмот во Македонија…

Завршил Академија за ликовна уметност во Белград, 1953 година. Бил член на групата „Мугри“. Професор на Архитектонскиот факултет, Скопје. Петар Мазев е еден од главните иницијатори за формирањето на Факултетот за ликовна уметност во Скопје.

Самостојно изложувал во Скопје и на голем број групни изложби во земјата и во странство : Бурма, Кина, Индија, Франција, Чиле, Милано, Белград, на изложби во Дижон, Братфорд, Рим, Торино, Нирнберг, Штудгарт, Берлин, Ним, Шел, Париз, Пекинг, Лозана, Мексико Сити, Атина итн.

Изработил и мурал во Железарницата во Скопје 1967 година, мозаици во Стопанска банка и Државна болница 1971 година, сите во Скопје и Спомен костурница во Велес, 1979 година; керамопластика кај споменикот на Илинден, Крушево, 1974 година.

Добитник е на Октомвриска награда за сликарство 1960 год., 13 Ноемвриска награда на град Скопје 1977 година и др.

Роден е во Кавадарци, во 1927 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top