| четврток, 6 декември 2018 |

Почина убиецот од Рузвелтова: Програмерот кој уби еден и рани двајца колеги, им подлегнал на повредите

Небојша Стојилковиќ кој вчера на Рузвелтова улица во Белград уби еден и повреди двајца колеги, подлегнал на повредите во Ургентниот центар во Белград.

Небојша на Рузвелтова 55 влегол во фирмата „Стопански советник за информациски технологии“, од каде  неодамна е отпуштен и отворил оган на сите присутни таму.

Во таа прилика животот го изгуби Брнко Кањевац, еден маж е ранет, а друг повреден после неговото бегање низ прозор за време на пукањето.

Како што се дознава, мажот кој Небојша го ранил исто така е во критична состојба, додека момчето кое скокнало од прозор задобило тешки скршеници.

Инаку Стојилковиќ после пукањето отишол дома и активирал рачна бобма. Но таа не го убила, туку му задала тешки повреди и опекотини, од чии последици на крај тој сепак почина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top