Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вели дека ретко се среќава со неговиот наследник Христијан Мицкоски, кој, како што тврди, самостојно ја води партијата.
– Не би ја оценувал работата. Тоа е ново раководство кое има свои приоритети и треба да се остави време да се покажат со своето работење и капацитети. Верувам дека работите ќе одат во добар правец- рече Груевски, одговорајќи на новинарско прашање дали Мицкоски се консултира со него за одлуките што го носи.
Во однос на процесите што се водат во Кривичниот суд против него, оцени дека ако се работи согласно закон не само што не треба да ме осудат, воопшто не требаше да има судење.
– Судот од старт требаше да ги отфрли овие обвинувања. Ова стана еден вид театар на апсурдот. Кога имате заробено судство и не се работи според закон се е можно, но да оставиме можност за судиите да работат по закон – изјави Груевски пред Кривичниот суд во Скопје каде што денеска требаше да се одржи рочиште за „Насилството во Центар“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски