| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп конечно проговори за секс скандалот: Животот на Меланија воопшто не е лесен

Веќе некое време трае хаосот околу секс аферата од минатото на претседателот Доналд Трамп и порно ѕвездата Сторми Дениелс, поради кој логично највеќе пати неговата сопруга Меланија Трамп, која разочарувањето не може да го скрие со секое ново појавување во јавноста.

Во врска со ова се огласи и претседателот, објаснувајќи зошто на неговата сопруга не и е ни малку лесно. Последните неколку месеци светските таблоиди не престануваат да пишуваат за секс аферата на американскиот претседател Трамп и порно ѕвездата Сторми Дениелс, која според нејзината изјава траела токму во периодот кога го добиле синот Барон.

За да го прикрие неверството, Трамп наводно пред самата кандидатура за претседтел и платил на порно актерката да молчи, но очигледно не успеал да ја замолчи Дениелс која неодамна излезе со целата приказна во јавноста. Поради тоа, првата дама не можела да го сокрие своето разочарување и бес при своите појавувања во јавноста.

Дека не и е лесно, сега потврдил и контроверзниот претседател на САД. „Луѓе, зар мислите дека на Меланија и е лесно? Не и е ни малку лесно“, објаснил Трамп и додал дека неговата долгогодишна сопруга одлично ја врши својата должност.

„Таа е прекрасна, прекрасна прва дама“, заклучил и уште неколку пати употребил епитети со цел да ја пофали убавата Словенка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top