Вечерва со почеток во 20 часот, плоштадот „Македонија“ ќе се претвори во поле за натпревар во плејстејшн меѓу пријавените. „Медиа сити“ за првпат во Скопје го организира големиот турнир во „Плејстејшн“ (PlayStation), каде што на уште поголем екран од 120 квадрати ќе понуди едно поинакво и возбудливо виртуелно натреварувачко искуство.
Пријавувањето веќе заврши, а натпреварувачите се поделени во три категории, и тоа тенис (Champions 2 Tenis), танц (Everybody Dance) и рели (MotorStorm Apocalypse). Бројот на учесници беше ограничен на 34, 16 од нив ќе се натпреваруваат во категорија тенис, 10 во категорија танц и 8 во категорија рели. Најдобрите во трите категории ќе освојат и награди од спонзорите, и тоа од МТП Sports Club, балетско студио „Ребис“.

– Целта на настанот е да се забавуваме – велат од „Медиа сити“ додавајќи дека на сите ни треба малку релаксација и забава, и по можност да побегнеме накратко од здодевното секојдневие. Втората цел, секако, е да се испромовира медиумот кој го имаме. За жал, како да забораваме дека го имаме. Ова е медиум кој по сите критеруми е супериорен во категоријата надворешно огласување, по големина е најголем во Југоисточна Европа – дури 120 квадратни метри, звучно е опремен и нуди исклучително квалитетна слика. Но, во последно време некако се навикнавме на сѐ што е мега, големо, импозантно, па карактеристиките на дисплејот ни доаѓаат како нормални. Забораваме да го цениме она што секаде во светот претставува тренд во современиот адвертајзинг.
– Исто така, целта е да се покаже интерактивноста на медиумот, во надеж дека ќе поттикнеме и поголем број креативни кампањи и кај нас, во Македонија. Сметаме дека има огромен потенцијал и креативност и кај нас, но, за жал, ретко можеме да видиме креативен начин на огласување, особено онакво кое активно ги вклучува потрошувачите, клиентите, пошироката јавност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Под засилени безбедносни мерки и само со покани утрешниот ракометен натпревар меѓу Грција и Македонија
-
И Мик Џегер го следеше натпреварот меѓу Хрватска и Англија (видео)
-
Триумф на македонските хорови: „Менада“освои второ место во Белгија, „Гортинија“ со „Мама миа“ настапи во Солун
-
Пијанистот Арда Мустафаоглу освои прво место на интернационален натпревар, следуваат концерти во Атина, Софија и Париз


