Музичарот со светски глас Брајан Фери на 9 септември, заедно со Македонската филхармонија во Скопје ќе одржи концерт, објави „Авалон продукција“.
– Со задоволство ве информираме дека човекот наречен „Крал на соул музиката“ Брајан Фери доаѓа во Скопје да испорача уште една незаборавна вечер со неговиот харизматично шармантен настап, исполнет со сите негови хитови и хитовите на „Рокси мјузик“ (Avalon, Slave To Love, Don’t Stop The Dance, Jealous guy..), како и песните од последниот негов албум „Avonmore”, придружуван од 12 неверојатни музичари на сцена. Концертот е во годината кога славиме 25 години од постоењето, на 9. септември, ден по Денот на независноста на Македонија во салата на Македонска филхармонија е чиста случајност… за тие кои веруваат во чуда! – соопштија од „Авалон продукција“.
Брајан Фери e секако еден од највлијателните и најиновативни артисти на светот на сите времиња и ова ќе биде можеби последна можност да се види во живо во Македонија.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 20. ти април, по цена од 6.150 денари и истите ќе може да ги набавите преку новиот тикет сервис www.avalon.com.mk/tickets, онлајн, како и на билетарата на Македонската филхармонија.
Во периодот до 20ти април ќе можете да вршите резервации на следниве телефонски броеви: 070260350 и 078365245 (секој работен ден, од 10 до 16 часот, освен сабота и недела). Се одржува само еден концерт и во продажба ќе бидат пуштени само 700 влезници.
Ова е трето гостување на Брајан Фери во Макеоднија, по концертите во Универзална сала во Скопје во 2007 година и една година претходно кога тој гостуваше на Охридско лето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија
-
Македонската филхармонија на турнеја во Шпанија
-
Бетовеновата „Деветта“ на сцената на Македонската филхармонија под диригенство на Густав Кун
-
Ѓорѓи Цинциевски, контрабасист: Македонија ја има најдобрата концертна сала на целиот Балкан